(ВИДЕО) Големо невреме во Белград: Ветрот корне дрвја, автомобили пловат по улиците


Силно невреме вчера го зафати Белград при што ветрот корнеше дрвја, а обилните врнежи ги поплавија улиците. Водата навлезе дури и во градските автобуси. View this post on Instagram Nevreme izazvalo kolaps u Beogradu, drveće padalo na sve strane. Pljusak praćen gradom na području glavnog grada ??više na www.b92.net #b92 #b92vesti #nevreme #beograd A post […]

Лекари на Малта дозволиле да умре неродено бебе затоа што таткото е Србин?


Бебе на српско-романска двојка почина на почетокот на јуни во болницата „Матер деј3 на Малта, а не го здогледа ни светлото на денот, пишува „Вечерње новости“. Весникот пренесува написи на малтешките медиуми, кои наведуваат дека девојчето умрело во стомакот на мајката затоа што лекарите биле загрижени како таткото кој е Србин ќе ја плати сметката […]

Хрватската Влада ги зголеми квотите за увоз на сезонски работници од странство


Хрватската Влада одобри зголемување на квотите за вработување работници од странство по апел на работодавачите во областа на угостителството и градежништвото дека нема доволно работна сила во тие два сектора. Одобрени се 3.000 нови дозволи, од кои 2.000 се однесуваат на туристички ангажман за време на летната сезона и уште 1.000 во градежништво. Доколку тоа […]

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во ЕУ на Северна Македонија и Албанија


Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева денеска истакна дека можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија на Северна Македонија и Албанија. – Дали може да го добијат двете држави, не можам да бидам сигурна. Добрата вест е што не се разделуваат двете земји, […]

Мета испрати известување до ОБСЕ/ОДХИР дека на 30 јуни нема избори


Албанскиот претседател, Илир Мета, попладнево испрати писмо до Канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР во Албанија, во кое информира за уредбата за одложување на датум на локалните избори и оти според истата избори на 30 јуни ќе нема. Во писмото кое е адресирано до министерот за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак,чија земја е претседавач […]

На први јули предизборна ТВ дебата на лидерите на грчките политички партии


Претседателите на СИРИЗА, Нова демократија, Движење на промена, Комунистичката партија и Сојуз на централисти, на први јули ќе се соочат во студиото на државната телевизија ЕРТ и ќе одговараат на прашања на новинари во телевизиската дебата во пресрет на предвремените парламентарни избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во дебатната емисија ќе учествуваат […]

Албанија по итна постапка носи закон за изборен криминал


Албанскиот Парламент утре по итна постапка ќе донесе закон со кој се предвидува забрана за излез од земјата од пет до десет годни, за секој кој ќе направи изборно кривично дело. Ова денесека го најави премиерот Еди Рама на изборна средба со граѓани на административната единица бр.1 во Тирана, како предупредување до опозицијата и нејзините […]

Во Скадар запалено училиште со изборен материјал


Со наближување на 30 јуни, денот на локалните избори, се зголемуваат тензиите во Албанија. По барањето на градоначалниците од редовите на опозициската Демократска партија, Општинските изборни комисии да ги ослободат просториите определени за гласање, просториите каде што се сместени комисите и изборниот материјал се под полициско обезбедување. Во северниот град Скадар по тензичната ситуација во […]

Ципрас: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е предавнички, зошто толку ги интересира тој да се почитува


Од една страна во име на нивното партиско единство или за привлекување гласачи, не се колебаат да застанат до етнопопулизмот и да говорат за предавници и предавства во македонското прашање, а од друга страна велат дека ќе се погрижат да се почитува овој, според нив предавнички договор, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на синоќешниот партиски […]

Катругалос: Почитувањето на Договорот од Преспа веќе е услов за европска иднина


Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос смета дека споменувањето на Договорот од Преспа во заклучоците на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ е важно за Грција, бидејќи почитувањето на договорот во целост „веќе е услов за соседите да имаат иднина во Европа“. Во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ, доцна синоќа, министерот […]

Косово: Опозицијата во потрага по три гласа за да ја урне Владата на Харадинај


Најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), смета дека е прашање на ден кога коалицијата ПАН, која ја чинат Демократската партија на Косово (ПДК) на парламентарниот спикер Кадри Весели, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот Рамуш Харадинај и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на вицепремиерот Фатмир Лимај, ќе падне од власт. Како што […]

За демократите се додека Рама е премиер, вратата на Европа е затворена


Најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, во врска со денешната одлука во Луксембург својот став го изнесе преку генералниот секретар Газмент Барди, кој смета дека премиерот Еди Рама е единствен во светот кој лоша вест за земјата ја нарекува многу позитивна. Во реакција откако ЕУ ја одложи одлуката за отворање на преговорите и изјавата на […]

Рама му одговори на Мета: Грижи се за визата што си ја постави самиот себе си


Недоразбирањата и меѓусебните обвинувања меѓу двете клучни личности во Албанија,претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама продолжуваат. По искажаната згриженост на шефот на државата Илир Мета за можноста од враќање на визниот режим за Албанија, експресно преку Твитер реагираше премиерот Еди Рама со совет да не го загрижува прашањето за визите и го обвинува дека […]

Хан за дијалогот меѓу Приштина и Белград


Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, денеска изјави дека напорите за одблокирање на дијалогот меѓу Приштина и Белград ги одложил за почетокот на јули, оценувајќи дека е тешко да се мотивираат лидерите на двете страни да се вратата на преговарачка маса. – Тоа не е лесна задача и потребна е голема политичка […]

Нова демократија со 72 отсто нови кандидати ќе учествува на предвремените парламентарни избори во Грција


Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија со 419 кандидати, од кои шест од 10 се нови лица кои претходно никогаш не биле вклучени во политиката, ќе учествува на претстојните предвремени парламентарни избори на 7 јули, соопштуваат од партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Освен сегашните 78 пратеници кои ќе се борат одново да бидат […]

Пајат: Време е за дијалог, а не за понатамошни ескалирачки и провокативни постапки


Сега е време за дијалог, а не за понатамошни ескалирачки, провокативни постапки, рече амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат за време на предавањето на американски хеликоптери на Грција, прашан за однесувањето на Турција во источниот Медитеран, јави дописничката на МИА од Атина. Пајат во изјавата додаде дека заеднички интерес и за САД и за […]

Ципрас до Туск: ЕУ да ги осуди активностите на Турција и да преземе мерки


Европскиот совет на 20 и 21 јуни да ги осуди незаконските активности на Турција во кипарската ексклузивна економска зона, побарал грчкиот премиер Алексис Ципрас од претседателот на советот Доналд Туск за време на нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас во разговорот истакнал […]

Апостолакис: Не постои веројатност за инцидент меѓу Грција и Турција


Министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис, ја отфрла можноста турските притисоци да кулминираат со сериозен инцидент меѓу двете земји. Во интервју за грчката телевизија Антена, Апостолакис објаснува дека целта на Грција е да се спречи било каков инцидент и да се запрат турските провокации, јави дописничката на МИА од Атина. -Веројатноста да произлезе инцидент […]

Еден војник загина, а тројца се повредени при НАТО-вежба крај Пловдив


Еден падобранец загина, а тројца други се повредени при инцидент за време на симулација на масовен десант, како дел од вежба на НАТО крај селото Чешнегирово во близина на бугарскиот град Пловдив. Од бугарското Министерството за одбрана за БГНЕС велат дека дека починатиот војник не е бугарски државјанин, и додаваат дека меѓу повредените исто така […]

Германски „Билд“ објави нови „бомби“, Еди Рама во главната улога


Германскиот весник „Билд“ попладнево објави нови прислушувани разговори во кои се слуша гласот на премиерот Еди Рама,поранешниот министер за економија Дамиан Ѓикнури, директорот на Министерството за внатрешни работи Арбен Кеши и други функцонери од социјалистичка партија. Во сите нив се слуша како се договараат закани,купувања и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја,кој се наоѓа […]