Лекари на Малта дозволиле да умре неродено бебе затоа што таткото е Србин?


Бебе на српско-романска двојка почина на почетокот на јуни во болницата „Матер деј3 на Малта, а не го здогледа ни светлото на денот, пишува „Вечерње новости“.
Весникот пренесува написи на малтешките медиуми, кои наведуваат дека девојчето умрело во стомакот на мајката затоа што лекарите биле загрижени како таткото кој е Србин ќе ја плати сметката за породувањето, како граѓанин кој не е жител на Европската унија, па одолговлекувале со раѓањето.
Заради овој страшен случај, родителите на бебето, таткото Србин и мајката Романка, го тужат персоналот на болницата.
Како што тврди брачната двојка, бременоста поминала во одличен ред, се додека не дошло времето жената да се породи на почетокот на јуни.
„Лекарите повеќе беа загрижени за плаќањето на болничките трошоци отколку за животот на нашето бебе, кое почина. Недостатокот на професионализам и грижа на персоналот во болницата и властите, директно или индиректно се одговорни за овој исход“, велат тие за медиумите на Малта.
Мајката на девојчето, која е од Романија, како државјанка на Европската Унија, е носител на европска  здравствена картичка, со која стекнува право за бесплатен медицински третман или намалена доплата во случај на итна помош во јавните болници. Покрај тоа, персоналот на здравствениот центар „матер деј3 потрошил доста време решавајќи го „проблемот“  како таткото Србин ќе ги плати трошоците за породувањето во државна болница.
поради немарноста и одолговлекувањето, ситуацијата се искомплицирала и бебето починало.
Сега родителите на бебето поднеле тужба против генералниот директор на болницата, главниот владин медицински службеник, премиерот, министерот за здравство, неговиот секретар и други високи функционери. Се бара во рок од 15 дена на родителите да им се исплати отштета.