(ВИДЕО) Големо невреме во Белград: Ветрот корне дрвја, автомобили пловат по улиците


Силно невреме вчера го зафати Белград при што ветрот корнеше дрвја, а обилните врнежи ги поплавија улиците. Водата навлезе дури и во градските автобуси.


Автобусот е снимен како се пробива низ водата која навлегува во возилото. На социјалните мрежи се споделуваат и видеа на кои возилата пловат по водата во една од белградските улици во населбата Баново Брдо.