Новата словачка претседателка стапи на должност


Првата жена претседател на Словачка, Зузана Чапутова денеска положи свечена заклетва, со што официјално ја презеде претседателската функција.

Чапутова, кој е петти шеф на државата од прогласувањето на независноста на Словачка во 1993 година, заклетвата ја положи на посебна седница на Парламентот во Братислава.

Четириесет и петгодишната Чапутова, која во политиката активно се вклучи во 2017 година, беше избрана за претседател на изборите во март годинава, како кандидат на вонпарлментарната социјал-либералната партија Прогресивна Словачка.

Чапутова на изборите ветуваше засилена борба против корупцијата и упатуваше остри критики на сметка на владината коалиција.