ХРАСТ ја напушти хрватската владејачка коалиција


Пред денешното продолжение на седницата на Хрватскиот сабор, Владата на премиерот Андреј Пленковиќ се соочува со нови потреси, откако владејачко мнозинство го напушти десната популиситчка партија Хрватски раст (ХРАСТ). Излегувањето на ХРАСТ од коалицијата го соопшти единстевниот нејзин пратеникот Хрвоје Зекановиќ, кој изјави дека ратификацијата на Истанбулската конвенција е нешто преку кое партијата не може …

ХРАСТ ја напушти хрватската владејачка коалиција Read More »

(ВИДЕО) Дачиќ му пее на Коѕијас и крши чинии


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ му приреди незаборавна вечер на неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Дачиќ речиси секоја прилика ја користи да запее, а овојпат на грчки му ја пееше песната „Mi mu timonis matia mu“ на увце на Коѕијас.

Иванов на Евроазиски економски самит во Истанбул


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Турција каде што ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит што ќе се одржи во Истанбул. Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на свеченото отворање, како и на претседателската сесија на самитот којшто годинава се одржува на тема „Дилемата на нашиот век: Технологија …

Иванов на Евроазиски економски самит во Истанбул Read More »

Шефот на косовската тајна служба поднесе оставка


Директорот на косовската тајна служба (КИА)  Дритон Гаши поднесе оставка, две недели по апсењето на шестмина турски државјани на Косово, пишува приштинскиот портал Зери. Оставка од Гаши бараше косовскиот премиер Рамуш Харадинај, поради апсење и депортација на шестмина турски државјани, кои официјална Анкара ги смета за следбеници на движењето ФАТО, кое го предводи верскиот лидер …

Шефот на косовската тајна служба поднесе оставка Read More »

Пападимулис: Не треба да ја изгубиме можноста за решение на името


Со Владата на Заев се отвори прозорец на можности за решение и не треба да ја изгубиме шансата, вели потпретседателот на европскиот Парламент и шеф на европратеничката група на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, во интервју за грчката телевизија Скај. – Не треба да ја изгубиме можноста да го решиме овој проблем. Сега со Владата на Заев …

Пападимулис: Не треба да ја изгубиме можноста за решение на името Read More »

Грција бара доживотна казна за Срби вмешани во убиство на Закинтос


За седум српски државјани, кои се меѓу деветмината обвинети за убиството на американскиот Бакари Хендерсон на грчкиот остров Закинтос, во обвинителниот акт се бара доживотен затвор, објави денеска српскиот весник „Политика“. Весникот пишува дека истрагата утврдила оти младиот човек починал 11 секунди по удар со нога во главата и дека еден од учесниците во тоа …

Грција бара доживотна казна за Срби вмешани во убиство на Закинтос Read More »

Повеќе од половина Бугари веруваат дека ќе има Трета светска војна


Мнозинството од Бугарите, односно 53 отсто, сметаат дека во моментов постои реална опасност од глобален воен конфликт. Тоа значи дека такво мислење имаат 2,9 милиони полнолетни Бугари, од вкупно 5,5 милиони кои живеат во земјата, го коментира резултатите „Галуп Интернешнл“ од најновата социолошка анкета. Вкупно 34 отсто од анкетираните (околу 1,9 милиони лица) ценат дека …

Повеќе од половина Бугари веруваат дека ќе има Трета светска војна Read More »

Вучиќ: Србија е за политика на мир, а не за пушки


Србија се занимава со политика на мирот, и нема да се занимава со пушки, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во одговор на заканите од косовскиот претседател Хашим Тачи. – Не сакам да се занимавам со пушки и оружје како Тачи, нека тој го прави тоа. Но, неговите пушки не ја разорија Србија туку некои …

Вучиќ: Србија е за политика на мир, а не за пушки Read More »

Тачи: На заканите од Србија ќе одговориме со пушки


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“. – На тие закани ќе одговориме исто како што одговоривме пред 19 години – со пушки, истакна Тачи. Тој тоа го изјави во својот говор на манифестацијата на караулата Кошаре, која се одржува по повод 19 години од конфликтот …

Тачи: На заканите од Србија ќе одговориме со пушки Read More »

Цените во Грција повисоки поради данокот на престој


Од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето, ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите, поради новиот данок на престој што стапи во сила на почетокот на годинава. Претседателот на грчката федерација на хотелиери и претседател на Сојуз на хотелиери од Халкидики, Григорис Тасиос, за МИА објаснува …

Цените во Грција повисоки поради данокот на престој Read More »

Пронајден исчезнат скопјанец во БиХ


Триесет и деветгодишен македонски државјанин е пронајден жив по дводневна потрага во Босна и Херцеговина. Според информациите од сараевските медиуми, М.Р. од Скопје е пронајден по повеќечасовна потрага откако е пријавен за исчезнат во петокот вечерта. Го пријавиле сопатниците што патувале со него во возило „Ленд Ровер“ што го управувал бугарски државјанин. Запреле во местото …

Пронајден исчезнат скопјанец во БиХ Read More »

Тасиос:Разговорите за името не влијаат на туризмот меѓу двете земји


Разговорите за името и раздвижувањето во преговорите меѓу Скопје и Атина не влијаат на туризмот и туристичкиот бран од Македонија кон Грција, смета Григорис Тасиос, претседателот на грчката Федерација на хотелиери и претседател на Сојузот на хотелиери од Халкидики. – Мислам дека е многу јасно, со години назад дека политиката нема никаква врска со туризмот, …

Тасиос:Разговорите за името не влијаат на туризмот меѓу двете земји Read More »

Вучиќ повторно ќе се сретне со Меркел


Српскиот претседател Александар Вучиќ следниот петок на 13 април ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, на нејзина покана, вторпат во рок од месец и пол, потврдија од кабинетот на Вучиќ. Веста за состанокот е потврдена и од Берлин. „Во рамки на заедничкиот ручек ќе бидат разгледани билатералните односи на двете земји, регионалните прашања, …

Вучиќ повторно ќе се сретне со Меркел Read More »

Србија се вооружува со нови руски хеликоптери и авиони Миг-29


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин, кој се врати од Русија по разговорите со својот колега Сергеј Шојгу за набавка на четири транспортни хеликоптери Ми-17 и четири борбени Ми-35, гостувајќи на ТВ Прва потврди дека тие ќе пристигнат во Србија кон крајот на оваа или на почетокот на 2019 година. Во наредните денови ќе се …

Србија се вооружува со нови руски хеликоптери и авиони Миг-29 Read More »

Рама ја поддржа претседателската кандидатура на Ѓукановиќ


Албанскиот премиер и претседател на Социјалистичката партија на Албанија Еди Рама ја поддржа кандидатурата на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ на претседателските избори во Црна Гора. Радио-телевизија Црна Гора цитира соопштение на ДПС во кое се наведува дека Рама оценил оти се работи за „ јасен проевропски избор кој гарантира понатамошна …

Рама ја поддржа претседателската кандидатура на Ѓукановиќ Read More »

Пратеник од Нова демократија: Ако нема целосен договор, Скопје како набљудувач во НАТО


Ако не се постигне целосен договор, ќе падне предлог Скопје да стане набљудувач во НАТО, предвидува пратеникот од грчката опозициска партија Нова демократија и потпретседател на грчкиот парламент, Никитас Какламанис, во интервју за грчкото радио 247. Тој смета дека тешко може да се постигне комплетен договор до јули, а како една од главните причина ја …

Пратеник од Нова демократија: Ако нема целосен договор, Скопје како набљудувач во НАТО Read More »

Тачи: Приштина, за разлика од Белград, секогаш подготвена за политички договор


Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека Приштина, и политичкото раководство на Косово, за разлика од Белград, секогаш биле подготвени за политички договор со кој би се ставило крај на политичкото и историско непријателство меѓу Србија и Косово подолго од еден век. – Во сите меѓународни процеси кои тежнееја кон решавање на косовското прашање, …

Тачи: Приштина, за разлика од Белград, секогаш подготвена за политички договор Read More »

ЕУ и даде на Приштина рок од четири месеци за формирање на ЗСО


Европската унија денеска ја поздрави најавата дека претседателот на Косово, Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај ја активирале раководната група која ќе работи на подготовка на предлог-статуот на Заедницата на српски општини (ЗСО), нагласувајќи дека Приштина има рок за тој процес од четири месеци. – Најавата дека и е даден мандат на раководната група да го …

ЕУ и даде на Приштина рок од четири месеци за формирање на ЗСО Read More »

Србија и САД не се согласуваат за Косово, но дијалогот треба да продолжи


Претседателот и премиерката на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ денеска во Белград на одвоени средби го примија вршителот на должност заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Метју Палмер, со кого разговараа за важноста на долгорочното пријателство меѓу Србија и САД и заложбата на двете земји за понатамошно развивање на нивните …

Србија и САД не се согласуваат за Косово, но дијалогот треба да продолжи Read More »

Патријарх Неофит: БПЦ може да сподели Свето миро со МПЦ


Бугарската православна црква ќе ја разгледа можноста да го сподели своето Свето миро со Македонската православна црква, ако тоа биде побарано, изјави денеска бугарскиот патријарх Неофит. Поглаварот на БПЦ, кој во софискиот храм „Св.Александар Невски“ присуствуваше на преземањето на новоосветеното миро, рече дека БПЦ досега не го споделувала своето миро со други цркви, но ако …

Патријарх Неофит: БПЦ може да сподели Свето миро со МПЦ Read More »