Бројот на баратели на азил во Бугарија намален за трипати


Бројот на мигранти кои побарале азил во Бугарија од почетокот на годината е речиси за трипати помал во споредба со втората половина од 2017 година, јави БТА.

Во првите пет мсеци од 2018 година барање за азил во Бугарија поднеле вкупно 492 мигранти, додека во периодот јули-декември минатата година таа бројка изнесувала 1.595 лица.

Според податоците на бугарската Државна агенција за бегалци, од вкупниот број баратели, на 152 лица им е доделен статус на бегалци, на 250 на хуманитарен статус. додека 350 барања биле одбиени.

Меѓу барателите на азил во Бугарија најголемиот број биле по потекло од Сирија, а по нив следуваат државјани на Авганистан, Ирак и Пакистан.

Од вкупниот број баратели на азил, речиси една десетина биле малолетници, меѓу кои речиси 50 проценти по потекло од Ирак, а околу 25 отсто од Сирија.