Албанската полиција заплени 500 килограми марихуана


Албанската полиција спречи шверц на 500 килограми марихуана, кои требало да бидат натоварени на моторен чамец, што потоа требало да ја транспортира кон италијанскиот брег.

Дрогата е откриена кај Бриштанскиот Залив во близина на Валона од каде најчесто испловуваат чамците натоварени со дрога.

Запленет е и моторен чамец, кој пловел од Италија, кон албанскиот брег. Истиот бил следен најмалку три часа од страна на албанската поморска патрола потпомогната од патролата на „Гуарда ди финанца“ по што лицата кои биле во чамецот истиот го напуштиле и успеале да избегаат.

Во меѓувреме италијанската поморска полиција соопшти дека во првите четири месеци од годинава реализирала единаесет воздушно-поморски акции против трговијата со дрога од Албанија кон Италија.

Во овие акции запленети се  6.500 килограми марихуана, како и помала количина хашиш и уасени 18 лица, од кои 10 албански и осум италијански државјани. Исто така запленети се и седум моторни чамци што биле користени за транспорт на дрогата.