Мустафа: Баравме оставка од Харадинај, но жалиме што тоа се случи поради Хаг


Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, по повод оставката на премиерот Рамуш Харадинај, вели дека неговата партија ја барала оставката на Харадинај, но оти жали затоа што тоа се случи поради Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Шефот на косовската опозиција […]

Тачи изрази жалење поради повикот на Харадинај од Специјалниот суд за воени злосторства


Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека со жалење ја примил веста дека премиерот Рамуш Харадинај е повикан, во својство на осомничен, од страна на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово. По повод оставката на Харадинај од функцијата претседател на Владата на Косово поради поканата од Специјалниот суд во Хаг, Тачи на својот Фејсбук напиша […]

Харадинај бил двапати ослободуван во Хаг


На косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај му е судено во Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово, но во 2012 година правосилно е ослободен од сите обвиненија. Трибуналот вторпат го ослободи сега веќе поранешниот косовски премиер и екс лидер на ОВК од вината за извршени злосторства врз цивили на Косово во 1998 година. Харадинај, […]

Рамуш Харадинај поднесе оставка на премиерската функција


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка на функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада. -Оставката е неотповиклива, рече Харадинај. Харадинај, на прес-конференција, рече дека не може да се појави пред Специјалниот суд во Хаг како шеф на владата, туку како државјанин на земјата кој ја чува честа на шефот на владата и државата. Тој […]

Харадинај: Oчекуваме дијалогот да донесе меѓусебно признавање на Косово и Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека единственото прашање за кое треба да разговараат Косово и Србија е постигнувањето договор за меѓусебно признавање на двете земји во рамките на постоечките граници, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на средба со студентите од 28 држави кои учествуваат на Летната академија во Приштина изјави дека „светот треба […]

Силен земјотрес во Атина


Силен земјотрес со јачина од 5,3 според Рихтер е почувствуван во Атина, во 14.13 часот по локално време, а засега нема информации за повредени или материјална штета. Епицентарот, според грчката национална опсерваторијата, бил на планината Парнита, на 23 километри северозападно од Атина, а е почувствуван на целата територија на грчката престолнина. Како што јави дописничката […]

Загрепчанец убил германски турист зашто му рекол дека не му се допаѓа фризурата


Загрепчанецот Е.С. (32) му зари нож во срцето на младиот Германец Патрик Бешингер од Баварија само затоа што му рекол дека не му се допаѓа неговата фризура. Убиството се случи во средата во близина на Пула, пред очите на многубројни туристи. Е. С. Како што објавија хрватските медиуми, загрепчанецот ѝ е добро познат на полицијата […]

Во Приштина уапсени Албанка и Турчин за трговија со човечки органи


 Во Приштина се уапсени две лица за незаконска трговија со човечки органи и ќелии и илегална трансплантација на органи, соопшти денеска косовската полиција, пренесе приштинскиот весник „Коха“. Според полициското соопштение, уапсени се жена од Албанија и државјанин на Турција. Косовската полиција наведува дека против нив ќе биде отворена редовна криминалистичка процедура. „Пријавено е дека во […]

Лажна е дојавата за бомба во авионот на аеродромот во Белград, потврди српското МВР


Припадници на српското Министерство за внатрешни работи, по спроведена контра-диверзантска проверка, утврдиле дека е лажно тврдењето за поставена бомба во авионот што утринава од Белград требало да полета за Франкфурт, пренесе Танјуг. Како што за агенцијата е соопштено од МВР, полицијата интензивно работи на идентификување на лицето кое утринава, околу шест часот, телефонски го повика […]

При пад на мал авион кај Зрењанин, загина 47-годишен пилот


Претседателот на Аероклубот во Зрењанин, Владимир Булат (47) загина во авионската несреќа што изутринава се случи во соседна Србија, во близина на градот Зрењанин. Локалните медиуми пренесоа дека несреќата се случила за време на изведување акробации со спортски авион од типот „злин 526-Ф“. Како што се наведува, авионот одненадеж се втурнал кон земјата и се […]

Контантинос Тасулас избран за нов претседател на грчкиот Парламент


Со рекорден број гласови, 283 од 298 присутни пратеници, кандидатот од Нова демократија, Константинос Тасулас утрово беше избран за нов претседател на грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Пратеничките групи на Нова демократија, СИРИЗА, Движење на промена, Грчко решение и МЕРА25 гласаа „за“ изборот на Тасулас, а 15 пратеници од Комунистичката партија беа […]

Македонец протеран од БиХ: Бил закана за безбедноста


Службата за односи со странци на Босна и Херцеговина во соработка со Разузнавачко-безбедносна агенција лоцирала и протерала македонски државјанин, кој се поврзува со криминални активности и претставувал закана за безбедноста на земјата. Сараевските медиуми пишуваат дека станува збор за Ј.Ѓ., кој е лоциран во близина на Зеница. Нему му е изречена мерка протерување и забрана […]

Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ


Најавениот притисок врз Северна Македонија од страна на новата грчка Влада на премиерот Кирјакос Мицотакис ќе зависи од тоа колку ќе и дозволат НАТО и ЕУ, имајќи предвид дека двете алијанси сакаат брз и непречен прием на земјата, оценува американскиот аналитичар Џек Далгариан во авторски текст за „Неоскосмос“. Далгариан во анализата под наслов „Што може […]

Дојава за поставена бомба во авион на аеродромот во Белград


На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е испратена специјална полициска екипа поради дојава дека во еден авион има поставено бомба, пишува „Вечерње новости“. Веста е потврдена и за Радио телевизија Србија. „Новости“ дознава дека од авион на „Луфтханза“, кој бил подготвен за лет кон Франкфурт, утрово се евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот поради […]

Столтенберг: Ниту една земја членка на НАТО не побарала исклучување на Турција поради С-400


САД – Турција ќе продолжи да игра важна улога за гарантирање на противракетната и противвоздушната одбрана на Алијансата, и покрај набавката на руските ракетни системи С-400, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на годишниот форум за безбедност во американскиот град Аспен, во државата Колорадо. Тој констатира дека е „невозможно С-400 да бидат интегрирани во заедничкиот […]

Рикер: Србија и Косово да продолжат со дијалог, САД подготвени да се вклучат


САД– САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не можат да го направат додека двете страни сами не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави вршителот на должност заменик државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој за „Глас на Америка“ истакна […]

ХДЗ одлучи кои министри си заминуваат од хрватската Влада


Хрватска – Од Владата на Хрватска си заминуваат министерката за регионален развој и фондови на Европската унија Габриела Жалац, министерот за земјоделство Томислав Толушиќ и министерката за социјална политика Нада Мурганиќ, соопшти ХДЗ после денешниот состанок. Сменетите министри веќе го напуштиле седиштето на партијата, јавуваат хрватските медиуми. Премиерот Андреј Пленковиќ во моментов има средба со претставници […]

Апел на Мета: Сега е време, по 19 октомври ќе биде предоцна


Албанскиот претседател Илир Мета повторно упати апел до политичките партии за надминување на длабоката политичка криза во која земјата се наоѓа повеќе месеци. При тоа додава дека сите треба да сфатат оти не се чекори по две спротивни патеки кои никогаш не се среќаваат една со друга бидејќи постои опасност и „на есен да заостане […]

(ВИДЕО) Брзи и бесни на црногорски начин: Стравотна сообраќајка во Црна Гора


Во населбата Добра Вода, во близина на црногорскиот град Улцињ, вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени две лица. Според податоците од црногорската полиција, повредените за среќа не се животно загрозени. Сообраќајната несреќа се случи помеѓу два тунела, и како што може да се види од објавеното видео, автомобилот со огромна брзина […]

Мета го обвини Рама дека ја оставил земјата без Уставен суд


Албанскиот претседател Илир Мета, откако не ги потпиша и му врати три закони на премиерот Еди Рама, го обвини дека две години го попречува функционирањето на новите правосудни институции и Уставниот суд. Шефот на државата обвинува дека премиерот ги уценувал членовите на Советот за наименувања во правосудството (КЕД) со процесот на проверка на потеклото на […]