(ВИДЕО) ХРТ ги најави изборите во Косово со српското знаме


Во прилог на хрватскиот јавен сервис ХРТ за изборите во Косово во заднина зад презентерката се појави знамето на Србија.

„Денес се одржуваат парламентарни избори во Косово, петти во последните 12 години“, рече презентерката најавувајќи го прилогот, додека во заднина стоеше српското знаме, пренесува порталот „Индекс“.

Хрватска ја призна независноста на Косово во 2008 година.