Најновите резултати во Косово :Самоопределување доби повеќе од 200 илјади гласови


Aжурирани се најновите податоци на веб-страницата на Централна изборна комисија. Според податоците Движењето Самоопределување (ВВ) успеа да добие 200 илјади 134 гласови или 25,61% со што е победничката партија на овие избори.

Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) освои 194.443 гласови, или 24,88%, додека Демократската партија на Косово (ПДК) доби 164.557 гласови, односно 21.06%.

Од друга страна, коалицијата ААК-ПСД собира 90.019 гласови или 11,52 проценти.

Во прелиминарните резултати не се опфатени гласовите на дијаспората, кои се испратени по пошта и гласовите на лицата со посебни потреби, кои треба да се избројат во текот на денешниот ден, или најдоцна до утре.