Вучиќ со Путин во Москва до крајот на годината


Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше денеска телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин на кој е договорено „двајцата претседатели до крајот на годината да се состанат во Москва, за да разменат ставови за најважните ставови, а особено за Косово.“

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Путин во разговорот му порачал на Вучиќ дека следи се што работи и дека добро ја разбира сложената ситуација во која се наоѓа Србија, како и дека е подготвен да помогне.

Вучиќ му се заблагодарил на претседателот Путин за развојот на српско-руските односи и изразил благодарност за зборовите на поддршката за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, што му ги пренел министерот Сергеј Лавров, на неодамнешната средба во Њујорк.

Во телефонскиот разговор претседателот Вучиќ му го честитал шеесет и седмиот роденден на Путин.

Како што е веќе потврдено, во втората половина на Октомври, во Белград доаѓа рускиот премиер Дмитриј Медведев на заедничкото одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.