Курти: Србија ни должи, убиени сме, изгубени, депортирани


Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти кој според резултатите на ЦИК е победник на изборите во Косово, во интервју за албанските медиуми меѓу другото се фокусирал и на идните односи со Србија. Истакна дека Србија и должи на Косово за воениот надоместок, пензискиот фонд и 1.200 артефакти.

,, Србија ни должи. Убиени сме, изгубени, депортирани. Ни го ограбеа депозитите, културното богатство. Досега немавме Влада за да го побара долгот од Србија”, вели Курти.

Таксата рече дека ќе го укине, но ќе бара и реципроцитет со Србија и воена компензација.

Курти исто така изјави дека доколку стане премиер, дијалогот со Србите на Косово ќе започне во првата недела.

На прашањето зошто Приштина треба да потпише договор со Белград, Курти одговори дека добрососедските односи се важни и дека нема членство во ЕУ без взаемно признавање.