Косово: Кривични пријави за 22 полицајци заради протерувањето на ѓуленистите во 2018 година


Косовското Специјално обвинителство потврди денеска дека примило кривични пријави од страна на Полицискиот инспекторат на Косово за 22 полициски службеници во врска  со протерувањето, пред повеќе од една година, на шест државјани на Турција, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението за медиуми на косовското обвинителство, и пред покренувањето на кривичните пријави за припадниците …

Косово: Кривични пријави за 22 полицајци заради протерувањето на ѓуленистите во 2018 година Read More »

Од Западен Балкан лани во земјите од ЕУ заминале 228.000 лица


Од земјите на Западен Балкан во ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 жители, покажуваат најновите податоци на Еуростат. Од Србија во ЕУ заминале 51.000 лица, а, сепак, најмногу заминале од Албанија – 62.000 и од БиХ – 53.000, пренесува подгоричкиот весник  „Вијести“. Од Косово лани се иселиле 34.500 лица, од Северна Македонија 24.300 и …

Од Западен Балкан лани во земјите од ЕУ заминале 228.000 лица Read More »

Дачиќ: Екстрадирањето на Морина е политичка одлука


Тоа што Северна Македонија не го екстрадира на Србија поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина претставува политичка одлука, смета шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. – Ако некој се наоѓа на потерница на Интерпол, тогаш што има да се размислува дали да го екстрадира или не. Тука очевидно во прашање се политички причини, истакна Дачиќ. …

Дачиќ: Екстрадирањето на Морина е политичка одлука Read More »

Дачиќ: САД нема да го преземат водењето дијалог меѓу Белград и Приштина


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека САД нема да го преземат водењето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но дека се обидуваат да најдат добитна комбинација за компромис. Тој за Првата телевизија изјави дека дијалогот ќе продолжи да го води ЕУ, но дека САД сакаат компромисно решение за Косово и да го …

Дачиќ: САД нема да го преземат водењето дијалог меѓу Белград и Приштина Read More »

Продолжува гаснењето на пожарот на Евија


Околу 400 пожарникари, војници и доброволци веќе трет ден го гаснат големиот шумски пожар во приватниот резерват на грчкиот остров Евија. Тие успеаја да ја ограничат огнената стихија, објавија грчките медиуми. Пожарот се гасне од копно и од воздух со канадери кои се обидуваат да го совладаат огнот во тешко достапниот кањон. Вкупно 12 канадери, …

Продолжува гаснењето на пожарот на Евија Read More »

Во пожар во Бар, изгореа брод и неколку чамци


Голем пожар избувнал утрово околу 5 часот во Бар, Црна Гора. Потполно бил уништен рибарски брод, чиј сопственик бил руски државјанин, како и стари дрвени чамци, пренесуваат тамошните медиуми. Пожарот избил во дел на марина каде се наоѓале рибарски бродови. Се очекува вештаци да кажат што е причината поради која настанал пожарот.

Србија е незадоволна од одлуката да не се екстрадира Морина


Официјален Белград реагираше на одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија со која се потврдува решението на првостепениот суд во кое е утврдено дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина во Република Србија и му се укинува мерката притвор. Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека Северна Македонија …

Србија е незадоволна од одлуката да не се екстрадира Морина Read More »

Поранешни хрватски заробеници бараат отштета од Србија


Хрвати, кои за време на последната војна биле заробени од страна на српските сили, бараат отштета, или како што велат тие, сатисфакција за деновите минати во заробеништво. Според веќе поднесените тужби, отштетните барања поединечно се движат од 1.000 до 80.000 евра, пишува загрепски „Вечерњи лист“. Врз основа на овие тужби, поранешните хрватски затвореници бараат надомест …

Поранешни хрватски заробеници бараат отштета од Србија Read More »

Амбасадорот Скот ги повика Белград и Приштина да стават точка на судирите од 90-ите


Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, денеска порача  дека „ дојде време да се стави точка на судирите од 90-тите“ и ги повика властите во Белград и Приштина што побрзо да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ, пренесе Фена. „Дојде време да се стави точка на судирите од деведесетите. Ги повикувам Белград и …

Амбасадорот Скот ги повика Белград и Приштина да стават точка на судирите од 90-ите Read More »

Албанци од Албанија не сакаат Албанци од Косово и Северна Македонија на нивните плажи


Албанската полиција распиша потерница по двајца нејзини државјани заради поттикнување омраза, а за двајцата постојат сомненија дека ја напуштиле земјата и највројатно се засолниле во соседните земји, пренесува телевизјата Ора њуз. Веста која ја пренесуваат и другите албански медиуми, повикувајќи се на порталот Инсајдер, наведуваат дека преку два видео записа тие упатуваат закана кон Албанците …

Албанци од Албанија не сакаат Албанци од Косово и Северна Македонија на нивните плажи Read More »

Сореца: Албанија е на „крајот на почетокот, а не на почетокот на крајот“ за приемот во ЕУ


Шефот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, изјави дека Албанија е на „крајот на почетокот, а не на почетокот на крајот“ на нејзиното пристапување во ЕУ, цитирајќи дел од говорот на Винстон Черчил од 1942 година. Во интервју за „Евроњуз“, Сореца рече дека и Албанија и Северна Македонија имаат отворени прашања за …

Сореца: Албанија е на „крајот на почетокот, а не на почетокот на крајот“ за приемот во ЕУ Read More »

Црна Гора: Голем интерес за напуштање на државната служба


Црногорското Министерство за финансии одвои 2,7 милиони евра во буџетот за оваа година за да исплати отпремнина на вработените во јавната администрација кои се заинтересирани за спогодбено прекинување на работниот однос. Иако јавниот повик од Министерството за јавна администрација за пријавување трае до 30 август, Сузана Прибиловиќ од тој ресор најави дека пријавите можат да …

Црна Гора: Голем интерес за напуштање на државната служба Read More »

Во Црна Гора казна и до 20.000 евра за пушење во затворен простор


Црногорскиот Закон за ограничување на употребата на тутунски производи, според кој ќе биде забрането пушењето во затворен простор, денеска стапува во сила, а за прекршителите предвидена е казна и до 20.000 евра. Законот со кој се забранува употреба на тутунски производи во јавни затворени простории, освен во казината, беше едногласно усвоен на 31 јули. Со …

Во Црна Гора казна и до 20.000 евра за пушење во затворен простор Read More »

Невреме во Сараево, авионите пренасочени во Белград и загреб


Силното невреме во Сараево и намалената видливост предизвика проблеми во доцните попладневни часови и протокот на воздушниот сообраќај. Два авиони не успеаја да слетаат и беа пренасочени кон аеродромите во Белград и Загреб, пренесува порталот Кликс. Авион на компанијата „ФлајДубаи“, кој леташе од Дубаи кон Сараево требаше да слета на аеродромот во Сараево во 5.55 …

Невреме во Сараево, авионите пренасочени во Белград и загреб Read More »

Пацоли: Подготвени сме за дијалог, но само како две независни држави


Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли, коментирајќи го соопштението од групата „Квинта“ (петорка), истакна дека Приштина е подготвена, како и секогаш за преговори со Србија, но само како две независни држави. Пацоли рече дека надворешната политика на Косово секогаш била координирана и во согласност со ставот на стратешките партнери САД, Германија, Франција, Велика Британија …

Пацоли: Подготвени сме за дијалог, но само како две независни држави Read More »

Мистерија на Хвар: Еден маж починал, а други четири лица се борат за живот


Еден маж починал ноќеска на брод на Хвар, а другите четири лица, од кои две се деца, се борат за живот. Пренесени се во сплитската болница, а поради нивната тешка состојба мобилизирани се сите лекари и останат медицински персонал. Лекарите се сомневаат дека станува збор за труење од храна, но велат дека досега не виделе …

Мистерија на Хвар: Еден маж починал, а други четири лица се борат за живот Read More »

Хоџај: Премиерската функција нема да ја препуштиме на друга партија


Енвер Хоџај, потпретседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), тврди дека оваа партија, столбот на актуелната владеачка коалиција, е цврсто определена за вонредни избори на кои ќе настапи самостојно и навестува дека функцијата на иден премиер не планираат да и ја препуштат на друга партија. На својот Фејсбук профил Хоџај напиша дека ДПК „ужива најголема …

Хоџај: Премиерската функција нема да ја препуштиме на друга партија Read More »

Пожар на островот Тасос


Пожар избувна денеска и на грчкиот остров Тасос, еден од најпосетуваните за летните одмори, објави Катимерини. Пожарот е регистриран во реонот на Парадисос во југозападниот дел од островот. Испратени се 56 пожарникари со 25 противпожарни возила. Поддршка имаат од два авиона и еден хеликоптер, нагласува весникот на својата веб страница. Засега ниту едно населено место …

Пожар на островот Тасос Read More »

Евакуиран манастир поради пожар на Евија


Манастирот Света Богородица Мавровска на грчкиот остров Евија утрово е евакуиран поради голем пожар, додека жителите од трите околни села исто така се предупредени да бидат подготвени да ги напуштат своите домови. Огнот што изби во централниот дел на Евија го гаснат 80 пожарникари со 39 возила, како и четири авиони и два хеликоптери. Гаснењето …

Евакуиран манастир поради пожар на Евија Read More »

Весели: Охридскиот договор ја демократизира Северна Македонија и го стабилизира Балканот


Претседателот на Собранието на Косово и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, по повод 18-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, порача дека „овој настан претставува најголемо достигнување во напорите на Албанците за да живеат како рамноправни на своите простори“ во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели преку објава …

Весели: Охридскиот договор ја демократизира Северна Македонија и го стабилизира Балканот Read More »