Мистерија на Хвар: Еден маж починал, а други четири лица се борат за живот


Еден маж починал ноќеска на брод на Хвар, а другите четири лица, од кои две се деца, се борат за живот.

Пренесени се во сплитската болница, а поради нивната тешка состојба мобилизирани се сите лекари и останат медицински персонал.

Лекарите се сомневаат дека станува збор за труење од храна, но велат дека досега не виделе толку лоши клинички слики од труење.

Според хрватските медиуми, се работи за италијански туристи. Едниот маж не ја дочекал брзата помош и починал на бродот, додека пак за останатите четири лица, лекарите прават се за да ги спасат. Сите петмина биле на бродот. Вчера тие вечерале во познат ресторан на Хвар и јаделе школки, па лекарите се сомневаат на труење, но засега не потврдуваат ништо.