Црна Гора: Голем интерес за напуштање на државната служба

Црногорското Министерство за финансии одвои 2,7 милиони евра во буџетот за оваа година за да исплати отпремнина на вработените во јавната администрација кои се заинтересирани за спогодбено прекинување на работниот однос.

Иако јавниот повик од Министерството за јавна администрација за пријавување трае до 30 август, Сузана Прибиловиќ од тој ресор најави дека пријавите можат да се достават до 30 декември 2020 година и дека постои голем интерес на вработените за спогодбен престанок на работниот однос .

Износот на отпремнина зависи од квалификациите и работното место и се движи од околу 1.000 до 16.500 евра. Исплатата за отпремнина најверојатно ќе биде во октомври.

Во моментов има голем интерес од вработените, но точниот број ќе се знае откако ќе заврши јавниот повик на 30 август, велат за црногорски медиуми од Министерството за јавна администрација.