Уапсени директорот на „Дајрект медиа“ и двајца вработени во РТС


По налог на Обвинителството за организиран криминал уапсени се директорот на „Дајрект медиа“ Ј.С. (47), како и двајца вработени во маркетингот на РТС, М.Ѓ.Ј. (61) и М.К. (55) поради злоупотреба, објави Танјуг. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, кога ќе бидат сослушани во Обвинителството, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот …

Уапсени директорот на „Дајрект медиа“ и двајца вработени во РТС Read More »

Украина го ослободи рускиот новинар


Украинскиот суд денеска го ослободи од затвор рускиот новинар Кирил Вишински, што веројатно претставува сигнал дека долгоочекуваната размена на заробеници со Русија се враќа на дневен ред. Судот одлучи да го пушти Вишински на условна слобода по повеќе од една година помината во затвор. Вишински, кој е уредник на киевската редакција на руската агенција РИА …

Украина го ослободи рускиот новинар Read More »

Србија и Русија не се поканети на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна во Полска


Србија– Српскиот претседател Александар Вучиќ се уште нема добиено покана од Полска да присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна, пишува денешна Политика. Од Министерството за надворешни работи на Србија за овој весник изјавија дека од амбасадата во Варшава добиле информација дека за настанот поканети се само членките на ЕУ, НАТО …

Србија и Русија не се поканети на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна во Полска Read More »

Мицотакис ќе учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк


Грција– Средби со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш и со странски лидери ќе има грчкиот премиер на маргините на Генералното собраните на ОН во Њујорк. Како што соопшти портпаролот владата на Грција, Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, Кирјакос Мицотакис од 24 до 27 септември ќе биде во Њујорк. Во однос на …

Мицотакис ќе учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк Read More »

Пецас: Враќање и прераспределба на бегалците и мигрантите се основните точки на европската политика


Враќање на мигрантите и бегалците кои немаат право на азил во Грција и прераспределба меѓу европските земји на оние кои имаат право на азил се двете основни точки, според портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, што треба да бидат вклучени во европската политика за справување со конкретното прашање. На денешниот редовен брифинг со новинарите, Пецас, …

Пецас: Враќање и прераспределба на бегалците и мигрантите се основните точки на европската политика Read More »

Шестмина мигранти загинаа во сообраќајка во Грција


Атина – Шестмина мигранти загинаа во сообраќајна незгода што се случи вчера во близина на грчкиот град Александруполи, откако во возилото во кое се превезувале изгубило контрола и излетало од патот. Доцна синоќа од Министерството за здравство на Грција соопштија дека од 18 лица што биле во возилото, шест го загубија животот, а од другите …

Шестмина мигранти загинаа во сообраќајка во Грција Read More »

Грчкиот Парламент со задоцнување од 14 месеци го изгласа Законот за заштита на лични податоци


Грчкиот Парламент денеска го изгласа Законот за заштита на лични податоци, откако минатиот месец доби предупредување од Европската комисија дека ќе треба да плати парична казна од околу 2,5 милиони евра од судот на ЕУ, затоа што во предвидениот рок не ги пренела во националното законодавство упатствата на ЕУ од 2016 за конкретниот закон, јави …

Грчкиот Парламент со задоцнување од 14 месеци го изгласа Законот за заштита на лични податоци Read More »

Изборите во Косово ќе се одржат на 6 октомври


Претседателот на Република Косово Хашим Тачи попладнево донесе одлука за прогласување на предвремените парламентарни избори во земјата, а како датум на нивно одржување го одреди 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина. Во одлуката на Тачи, доставена до медиумите од сттрана на неговиот кабинет, се наведува дека е побарано од Централната изборна комисија да …

Изборите во Косово ќе се одржат на 6 октомври Read More »

Затвор и протерување за мигрантите кои киднапираа Словенец


Судот во Ново Место изрече казна од 18 месеци затвор за двајцата илегални имигранти, кои на почетокот на мај киднапираа 79-годишен државјанин на Словенија, заедно со неговиот автомобил за да стасаат во Италија. Откако го признаа делото, 18-годишниот Алжирец и 25-годишниот Мароканец се осудени на затворски казни, по што ќе бидат протерани од Словенија без …

Затвор и протерување за мигрантите кои киднапираа Словенец Read More »

Арапи сакаат да градат ресорт кај Улцињ вреден милијарда евра


Во Улцињ деновиве почнаа да пристигнуваат инвеститори за изградба на проектот Мавриан Лакшари Ресорт (Mavrian Luxury Resorts). Во рамки на тој проект, на површина од околу 63 хектари, ќе биде изградено пристаниште, три луксузни хотели и 105 вили со вкупно 5.000 кревети. За проектот се заинтересирани инвеститори од Катар и од Египет. Според градоначалникот на …

Арапи сакаат да градат ресорт кај Улцињ вреден милијарда евра Read More »

Хрватска: Платите за две години се зголемиле за десет отсто


Масовното заминување на хрватските државјани во странство предизвика два сериозни процеса на пазарот на трудот, едниот е дека платите се зголемија, а другиот е дека пазарот значително се отвори за постарите работници, објави денеска „Вечерњи лист“. Просечните плати се околу 6500 куни нето, при што жителите на Загреб заработуваат околу илјада куни повеќе, додека жителите …

Хрватска: Платите за две години се зголемиле за десет отсто Read More »

Пронајдени радиоактивни изотопи по неуспешното тестирање на руска ракета


Рускиот државен метеоролошки завод денеска објави дека се пронајдени радиоактивни изотопи на стронциум, бариум и лантан во примероците земени по експлодирањето на ракета на 10 август во северна Русија. Облакот радиоактивни гасови настана како резултат на распаѓање на изотопите и предизвика краток пораст на радијација забележана во градот Северодвинск по несреќата. Пронајдени се изотопи на …

Пронајдени радиоактивни изотопи по неуспешното тестирање на руска ракета Read More »

Катругалос: Позитивна разврска е признавањето од Владата на позитивната улога на Договорот од Преспа


Позитивна разврска е признавањето на позитивната улога на Договорот од Преспа, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција и пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос во неговата колумна под наслов „Континуитет и дисконтинуитет во надворешната политика“ за весникот „Неа селида“, во која ги анализира позициите на актуелната грчка влада во надворешната политика. Поранешниот шеф на …

Катругалос: Позитивна разврска е признавањето од Владата на позитивната улога на Договорот од Преспа Read More »

Бакојанис: Нема да бидам господар, туку слуга на Атињаните


Се обврзувам во следните четири години, дека нема да бидам господар, туку слуга на Атињаните, рече новиот атински градоначалник Костас Бакојанис откако положи свечена заклетва како 46 татко на градот и ја истакна желбата да ја издигне Атина високо, што воедно беше и неговиот предизборен слоган. -Да ја истакнеме Атина како модерна европска метропола. Безбеден, …

Бакојанис: Нема да бидам господар, туку слуга на Атињаните Read More »

Арапи сакаат да градат ресорт кај Улцињ вреден милијарда евра


Во Улцињ деновиве почнаа да пристигнуваат инвеститори за изградба на проектот Мавриан Лакшари Ресорт (Mavrian Luxury Resorts). Во рамки на тој проект, на површина од околу 63 хектари, ќе биде изградено пристаниште, три луксузни хотели и 105 вили со вкупно 5.000 кревети. За проектот се заинтересирани инвеститори од Катар и од Египет. Според градоначалникот на …

Арапи сакаат да градат ресорт кај Улцињ вреден милијарда евра Read More »

„Џумхуриет“: Петмина турски генерали поднеле оставки


Турција – Петмина генерали на турската армија поднесоа оставки пред воениот совет претходно овој месец, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“. Врховниот воен совет на Турција, со кој претседава претседателот Реџеп Таип Ердоган, се состанал на 1 август на разговори за напредокот и разрешувањето на високо-рангирани воени припадници. Петмина генерали поднесоа оставки поради одлуки на Советот, толкувани од …

„Џумхуриет“: Петмина турски генерали поднеле оставки Read More »

Во изминатите 24 часа избувнале 56 шумски пожари во Грција


Од петокот во 19 часот заклучно со вчера, исто така до 19 часот, во Грција избувнале 56 шумски пожари во кои интервенирале 693 пожарникари со 273 возила, 21 пешадиски тим и авиони и хеликоптери, а помагале 88 волонтери со 27 волонтерски возила, соопштуваат од Противпожарната служба на Грција, јави добисничката на МИА од Атина. Пожарите …

Во изминатите 24 часа избувнале 56 шумски пожари во Грција Read More »

Хрватска: Монаси се досетија како да заработат од туристите во Пула


Во овој период во годината Хрватска е преполна со туристи, па со тоа и слободните места за паркинг се вистинска реткост. Па така, монасите од пулскиот манастир „Свети Франциск“, кој се наоѓа во близина на стариот дел од градот, се досетиле како да заработат од туристите и локалните жители кои сакаат да паркираат веднаш до …

Хрватска: Монаси се досетија како да заработат од туристите во Пула Read More »

Ципрас: Грција веднаш да се спротивстави на Договорот ЕУ-Меркосур


Се додека екстремно десничарската влада на Болсонаро одбива да ги преземе нејзините обврски кон животната средина, Грција мора веднаш да се спротивстави на Договорот ЕУ-Меркосур, пишува на неговиот официјален Фејсбук профил поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, jави дописничката на МИА од Атина. Ципрас во неговиот статус за пожарите во Амазонија, упатува …

Ципрас: Грција веднаш да се спротивстави на Договорот ЕУ-Меркосур Read More »

Увозот од Србија во Косово намален од 12,3 отсто на 0,7 отсто


Според косовската Агенција за статистика (КАС), увозот од Србија во Косово од минатогодишните 12,3 проценти во истиот седуммесечен период, годинава падна на само 0,7 проценти. Овој пад на увозот од Србија, според професорот по економија Наим Гаши, се должи на воведувањето на 100 проценти царини на стока увезена од Србија и Босна и Херцеговина. Сепак, …

Увозот од Србија во Косово намален од 12,3 отсто на 0,7 отсто Read More »