Мицотакис ќе учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк


Грција– Средби со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш и со странски лидери ќе има грчкиот премиер на маргините на Генералното собраните на ОН во Њујорк.

Како што соопшти портпаролот владата на Грција, Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, Кирјакос Мицотакис од 24 до 27 септември ќе биде во Њујорк.

Во однос на информациите во медиумите за можна средба на грчкиот премиер со американскиот претседател за време на Генералното собрание, Пецас ја остави отворена можноста.

– Не би сакал да се осврнам на конкретни средби, постојат разговори, на следните брифинзи детално ќе ве информирам за средбите со други лидери во Њујорк, рече Пецас.

Заедно со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, на Генералното собрание на ОН ќе учествува и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас.