На Косово почна означувањето на производите со знаменца


Примената на одлуката за поставување знаменца на земјите на потекло на производи започна во продавниците во Косово. Оваа одлука беше донесена на 29 декември 2018 година, кога министерот за трговија и индустрија потпиша административна инструкција со која се предвидува дека цената на сите производи на косовскиот пазар од левата страна да стои земјата на потекло. …

На Косово почна означувањето на производите со знаменца Read More »

Бужала: Рама наименува двајца министери од Косово, за да ја саботира владата на Харадинај


Познатиот косовски новинар Берат Бужала, не гледа благородна цел во одлуката на премиерот Еди Рама во својот кабинет да има двајца министри Косовци. Гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Ора њуз“, Бужала рече  дека со овој потег целта на Рама е да ја саботира Владата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и да премине на вториот …

Бужала: Рама наименува двајца министери од Косово, за да ја саботира владата на Харадинај Read More »

Могерини до Тачи: Повеќе нема време за губење


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини соопшти вечерва дека во разговорот со косовскиот претседател Хашим Тачи повторила дека е неопходно укинување на таксите за производите од Србија, со цел побрзо да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина. – Разговарав со претседателот Хашим Тачи и повторив дека таксите мора да се …

Могерини до Тачи: Повеќе нема време за губење Read More »

Камион влетал во колоната возила на албанскиот премиер Еди Рама


Камион влетал во придружбата на албанскиот премиер Еди Рама, кој од Тирана патувал кон градот Берат. Сообраќајната несреќа се случила во местото Гоша, кво близина на Каваја. За среќа нема повредени, освен причинета материјална штета на возилата. Веста прво на Фејсбук ја објави поранешниот албански премиер и претседател, демократот Сали Бериша по што доцна попладнево …

Камион влетал во колоната возила на албанскиот премиер Еди Рама Read More »

Весели: Ако се наруши партнерството со САД, коалицијата ќе се распадне


Претседателот на косовскиот Парламент и лидер на ДПК, која е највлијателна партија во владејачката коалиција, Кадри Весели, изјави денеска дека веднаш ќе ја напушти својата функција доколку се наруши партнерството со САД поради одбивањето на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да се суспендираат таксите воведени кон Србија и БиХ. – Оној ден кога ќе биде нарушено …

Весели: Ако се наруши партнерството со САД, коалицијата ќе се распадне Read More »

Вучиќ во клинч со Заев за средбите со Мицкоски


Регионална ситуација на „изгубени во преводот“ вчера предизвика делот од интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за телевизијата Н1 во кое тој зборува за средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред бегството на Никола Груевски. Телевизијата и агенцијата Танјуг најпрвин пренесоа дека Заев кажал дека пред да го фати …

Вучиќ во клинч со Заев за средбите со Мицкоски Read More »

И Мицотакис бара предвремени избори во Грција


Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјанкос Мицотакис, на состанокот со новите партиски секретари рече дека неговата процена е дека на 26 мај, заедно со евроизборите ќе се одржат и парламентарни избори во Грција. – Пред нас имаме многу работа, имаме нешто повеќе од 100 дена до денот на изборите на 26 мај …

И Мицотакис бара предвремени избори во Грција Read More »

Заев и Ципрас ќе бидат наградени во Минхен


Наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, објави „Дојче Веле“ на грчки јазик. Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален Твитер профил на 25 јануари, кусо откако Преспабнскиот договор беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „ …

Заев и Ципрас ќе бидат наградени во Минхен Read More »

Американскиот амбасадор ја напуштил средбата со косовските лидери


Косовската јавна радиотелевизија (РТК) на својата веб-страница објави дека американскиот амбасадор Филип Коснет ја напуштил денешната средба со косовските лидери нервозен и им ја треснал вратата на излегување. Повикувајќи се на сопствени анонимни извори, РТК тврди дека Коснет бил видно изреволтиран од некои изнесени ставови на средбата во врска со американското барање за укинување на …

Американскиот амбасадор ја напуштил средбата со косовските лидери Read More »

Криза во косовската Влада поради таксата кон Србија, коалициските лидери на средба кај Тачи


Лидерите на најголемите партии од владејачката коалиција, премиерот Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово (ААК), претседателот на Собранието, Кадри Весели од Демократска партија на Косово (ПДК) и вицепремиерите Фатмир Лимај од Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Беџет Пацоли од Алијансата Ново Косово (АКР), вечерва повторно се собраа на средба кај претседателот на државата Хашим …

Криза во косовската Влада поради таксата кон Србија, коалициските лидери на средба кај Тачи Read More »

Нападнат новинар на РТВ Ваљево


Новинарот на Радио телевизија Ваљево, Марко Аќимовиќ (33) е нападнат пред Градското собрание на тој град.  Неколку непознати лица му задале повеќе удари на новинарот. Поради нападот врз новинарот пред Градското собрание се одржува собир со барање за оставка на градоначалникот на Ваљево. Од полицијата соопштија дека во тек е истрага за инцидентот.

Харадинај не ја исклучува можноста Владата да падне


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај не ја исклучува можноста од распаѓање на владејачката коалиција, доколку партнерите продолжат да застапуваат спротивни ставови во однос на одлуката на Владата на Косово за такса од 100 отсто на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина. Запрашан од новинарите дали постои опасност коалицијата да се растури, Харадинај одговори дека …

Харадинај не ја исклучува можноста Владата да падне Read More »

Отстранети македонски регистерски таблички на автомобил во Солун


Средношколци од Солун денеска протестираа во центарот на градот против Договорот од Преспа. Во знак на револт поради ратификувањето на договорот од страна на двете земји, средношколците отстранија и македонски регистерски таблички од автомобил кој беше паркиран во Солун., јавува Вориа.гр. Подоцна, на автомобилот осамна и поракана напишана на англиски јазик која се однесуваше на сопственикот …

Отстранети македонски регистерски таблички на автомобил во Солун Read More »

Ѓуриќ од Северна Митровица: Поддршката на српската влада за косовските Срби ќе расте


Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, кој допатува утрово во Северна Митровица, изјави дека во Косово доаѓа со јасна порака од српската Влада дека поддршката за косовските Срби нема да престане во ниту еден момент, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за локалната телевизија Мост, Ѓуриќ порача дека …

Ѓуриќ од Северна Митровица: Поддршката на српската влада за косовските Срби ќе расте Read More »

Статакис: Договорот за името ќе донесе инвестиции на Балканот


Со Договорот од Преспа се отвораат различни трговски и инвестициски можности, економските односи кои постојат, веќе добиваат поинаква динамика, пишува министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис во колумната за неделникот „Finance & Markets Voice“. – Проширувањето на меѓународните организации во регионот и, пред сè, обединувањето на балканските економии во една единствена …

Статакис: Договорот за името ќе донесе инвестиции на Балканот Read More »

Македонец крвнички претепал Македонец во Будва


Судот во Котор му одреди едномесечен притвор на македонскиот државјанин З.Д. (50) поради сомневање дека вчеравечер крвнички претепал свој сонародник во Будва. Според црногорските весници, инцидентот се случил околу 19 часот во населбата Велји Виногради, каде З.Д. со метална шипка го нападнал својот цимер – исто така, македонски државјанин. „Од силината на ударот, претепаниот маж …

Македонец крвнички претепал Македонец во Будва Read More »

Приштина: Остануваат таксите од 100 проценти


Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај не прифаќа укинување на дополнителните такси од 100 отсто, кои Приштина ги воведе за увозот на стоки од Србија и БиХ, што беше потврдено на состанокот на лидерите на владејачката коалиција. Како што пренесува приштинскиот портал „Лајми.нет“, на состанокот не се зборувало конкретно за таксите, но лидерите на коалицијата ветиле …

Приштина: Остануваат таксите од 100 проценти Read More »

Харадинај до Тачи: Кога се плашевме за себе, не се грижевме што вели Америка


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повтори дека нема намера да  ја повлече одлуката за такса од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина и изрази уверување дека дека тоа нема да влијае на партнерството со САД, на што предупредува претседателот на државата Хашим Тачи. Харадинај во денешното обраќање на комеморацијата по повод …

Харадинај до Тачи: Кога се плашевме за себе, не се грижевме што вели Америка Read More »

Близу Сараево запленети над 100 килограми сканк


Босанската полиција денеска во реонот на Сараево заплени над 100 килограми сканк, при што се уапсени три лица. Дрогата е пронајдена во возило марка „Рено Кангу“, на наплатна рампа на автопатот А-1, кај местото Хаџиќи. При акцијата се уапсени возачот на „Реното“ и неговиот совозач, како и уште едно лице, кое управувало со автомобил марка …

Близу Сараево запленети над 100 килограми сканк Read More »

Во Турција уапсени 48 пилоти поради наводна поврзаност со Ѓулен


Турските власти уапсиле 48 воени пилоти за кои постои сомневање дека се поврзани со Фетулах Ѓулен. Официјална Анкара го обвинува Ѓулен за организирање на обидот за преврат во 2016 година. Обвинителството во Анкара соопшти дека се уапсени 48 пилоти на хеликоптери. Сите се во составот на командата на копнената армија, тројца се со чин полковник …

Во Турција уапсени 48 пилоти поради наводна поврзаност со Ѓулен Read More »