Отстранети македонски регистерски таблички на автомобил во Солун


Средношколци од Солун денеска протестираа во центарот на градот против Договорот од Преспа.

Во знак на револт поради ратификувањето на договорот од страна на двете земји, средношколците отстранија и македонски регистерски таблички од автомобил кој беше паркиран во Солун., јавува Вориа.гр.

Подоцна, на автомобилот осамна и поракана напишана на англиски јазик која се однесуваше на сопственикот на автомобилот: „Регистерските таблички може да ги подигнете од касата за наплата на паркинг“.