Ниманбегу: Црногорската влада отпушта кадри од Албанската листа


Пратеникот од Албанската листа во Црна Гора, Генци Нуманбегу го обвини владејачкото мнозинство дека нивниот повик до Албанската листа да биде дел од власта „не бил искрен“, бидејќи се менуваат функцинери од таа партија. Тој во соопштението наведе дека односот на власта кон малцинските заедници во Владата се „потврдува и преку смената на сите кадри […]

Поплави на југот од Србија, евакуација, Ниш без чиста вода за пиење


  Специјалистичките тимови за спасување и работа на вода евакуираа 34 граѓани од објеки поплавени од излевање на потоци и реки во јужниот дел од Србија. Градскиот штаб за вонредни ситуации на градот Ниш прогласи вонредна состојба поради елементарни непогоди по синоќешното невреме, соопштено е на официјалниот градски сајт. Обилните дождови ги заматиле сите извори […]

Темистоклеус: Грција има обезбедено 26 милиони дози од вакцините


Грција има обезбедено 26.090.000 дози, односно можност за вакцинација на 15.350.000 граѓани, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција за вакцинацијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека поголемиот број вакцини во однос на бројот на населението е дел од европската политика. Во […]

За влез во Црна Гора не е задолжителен ПЦР тест


Црна Гора – Црногорската министерка за здарвство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ денеска изјави дека се укинува забраната за меѓуградски превоз за време на викендот, но оти останува забраната за прославата на Василица. Таа истакна дека за влез во Црна Гора не е потребен тест Ковид-19. – Забраната за прослава на Нова година според Јулијанскиот календар е забранета на […]

Еди Рама ја прими вакцината од дозите пристигнати од „пријателска земја“


Албанија– Албанскиот премиер Еди Рама и началничката на Инфективната клиника во Тирана,Најада Чомо први ја прмија вакцината против Ковид-19,со што означен е почетокот на имунизацијата против опасниот вирус во земјата. Прва се вакцинира познатата докторка, Чомо, која од почетокот на пандемијата е на првата линија во битката со невидливиот непријател, потоа премирот Рама па познатите […]

Уште 230 новозаразени во Хрватска, починаа 35 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 230 нови случаи на зараза со корона вирусот во Хрватска, а бројот на активни случаи изнесува 4.976. Меѓу нив се 2.140 пациенти на болничко лекување, од кои 191 на репсиратор. Починаа 35 пациенти или вкупно 4.403. До денеска од Ковид-19 заболеа 220.223 лица, а оздравеа 210.844. Тестирани се […]

(Видео) Пожар во апартманите на Златибор


На Златибор денеска изби пожар во апартманите над угостителскиот објект, пренесе Новости. Во собите немало сместени гости во моментот на избивање на пожарот. На местото се три противпожарни возила. Силниот оган го зафатил поткровјето, а пожарникарите со шмркови се обидуваат да го згаснат пламенто. Според Новости, покривот целосно изгорел. Zlatibor pic.twitter.com/B4xd2PgtPz — perickaizvica (@perickaizvica) January […]

Чавушоглу: Сакаме да ги продолжиме преговорите со Грција


 Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска и официјално и понуди на Грција продолжување на преговорите за спорот околу истражувањето гас во Средоземното море, како и други проблеми меѓу двете земји. Чавушоглу изјави дека Атина претходно навести можност за продолжување на преговорите денеска, но дека ништо не се случило и дека Грција нема оправдување […]

Малите партии во Бугарија сакаат одложување на изборите


Има голема недоверба кај помалите партии во владата на Бојко Борисов дека ќе организира фер избори. Некои од нив бараат да се формира паралелна, граѓанска изборна комисија која ќе ги брои гласовите   (Од нашиот дописник)                                        […]

Влез во Србија само со негативен ПЦР тест


Кризниот штаб на Владата на Србија денес донел одлука сите постојни мерки да останат во сила, бидејќи се проценува дека тие ќе дадат резултати, меѓу кои и задолжителен негативен ПЦР тест за влез на српска територија, објавија српските медиуми. Во моментов, на сила се мерките: забрана за собирање повеќе од 5 лица, задолжително носење заштитни […]

Уште еден земјотрес кај Глина во Хрватска


  Денеска во 13.47 часот, подрачјето околу Глина повторно се стресе од нов земјотрес. Епоред ЕМСЦ, потресот е во магнитуда од 3,2 степени според Рихтер, а бил на 16 километри југозападно од Сисак. Истото подрачје синоќа по полноќ го потресе земјотрес со интензитет од 3,9 степени. На 29 декември 2020 година градот Петриње беше речиси […]

Рама ќе се вакцинира денеска


Албанија – Албанскиот премиер Еди Рама најави дека денеска ќе ја прими вакцината против коронавирусот. Тој на прес-конференција изјави дека вакцинацијата почнува денеска во 15 часот, но членовите на Владата и Одборот на експерти нема да имаат подобар третман од останатите и нема да има приоритетно вакцинирање. Претходно беше објавено дека со вакцината, произведена од компаниите […]

Обраќањата на Вучиќ најгледани во ТВ програмата во Србија во 2020 година


Србија– Говорите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и прес-конференцијата по повод епидемијата на коронавирусот се најгледаните телевизиски програми во Србија минатата година, објави весникот Данас, повикувајќи се на податоци на агенцијата Нилсен (Nielsen Auidence Measurement). Како што јави допсиникот на МИА од Белград, на прво место според гледаноста било обраќањето на Вучиќ на 15 март, […]

Повеќе од 40 отсто од српските граѓани веруваат во теории на заговор за кoрoната


Три четвртини од испитаниците во Западен Балкан веруваат во некои од теориите на заговор во врска со коронавирусот, што е многу поголем процент отколку во другите делови на Европа, додека во Србија околу 41,5 отсто од испитаниците веруваат во вакви теории, покажаа резултатите од истражувањето спроведено во октомври од „Атлантскиот совет“ со седиште во Вашингтон […]

Во Албанија започна вакцинацијата против коронавирусот


Во Албанија денеска започна вакцинацијата против коронавирусот, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници. Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук напиша дека вакцинирањето започнало пред помалку од еден час и дека во борбата против „невидливиот непријател“ започнала фазата на голема офанзива против непријателот и негово „заминување од нашите животи“. Албанската Влада обезбеди 500.000 вакцини од […]

Шест радио станици во Црна Гора ќе ја прекинат програмата 12 часа


Шест локални радио станици во Црна Гора денеска ќе прекинат со емитување програма во следните 12 часа поради финансиски проблеми. На тој начин тие сакаат да го свртат вниманието на ситуацијата во која се наоѓаат. Програмата ќе биде прекината во 11:55 часот. – Дванаесет часовната тишина од нашите фреквенции ќе претставува повик за помош. Ја […]

Се преврте автобус во Хрватска, осуммина се повредени


  Ноќеска во 2.22 часот на автопатот А1 кон Загреб автобус слета од патот и се преврте. Како што јави полицијата, автобусот на автопревозот „Пожега“, излетал од патот и се превртел при што повредени се двајцата шофери и шест патници. Од полицијата велат дека нема смртни случаи. Во автобусот имало 13 патници. Автобусот бил во […]

Албанија почнува со вакцинација против Ковид-19


 Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, истакна премиерот Еди Рама. – Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19, напиша Рама на својот фејсбук-профил. Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати. Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и БиоНТек. Рама на 1 јануари, врз основа на […]

Поплави во Албанија, војската им помага на евакуираните


Албанската војска ги снабдува со храна и вода домаќинствата во северозападниот дел на Албанија, кои се изолирани поради поплавите предизвикани од поројните дождови. Засега нема информации за човечки жртви и угинување на стока, соопштија албанските власти. Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека најмалку 36 семејства се евакуирани од областите Леж и Драч, […]