Уште 25 жртви на Ковид-19 во Србија, новозаразени 2.267


  Според последните информации во Србија се регистрирани 2.267 новозарзени а од последиците на вирусот починале 25 лица. Во последните 24 часа се тестирани 12.889 примероци, а 2.437.036 од почетокот на епидемијата. Моментално се хоспитализирани 5.503 пациенти, а 189 се на респиратор. Од почетокот на епидемијата починале 3.664 лица, а стапката на смртност изнесува еден […]

Грција ќе воведе „click in shop“ за одредени продавници


Грција– Услугата „click in shop“, односно посета на продавница по претходно закажан и одреден термин е една од можностите што веројатно ќе се воведе во Грција, а ќе се однесува на продавниците за облека, обувки и за златарите, кои поради карантинот и понатаму се затворени, јави дописничката на МИА од Атина. Едно од сценаријата во […]

Србија во 2020 година ја посетиле 20.452 македонски туристи


Србија – Поради пандемијата со Ковид-19 во 2020 година Србија забележа голем пад на бројот на посети од странски туристи, што достигна ниво од само 24,9 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС). Според официјалната статистика, меѓу вкупно регистрираните 424.479 странски туристи во периодот од јануари до ноември минатата […]

Воз прегази малолетничка што се фотографирала на шините


  Една малолетничка загина кога ја прегази воз во Марибор додека со другарка ѝ се фотографирале на шините. Несреќата се случила во вторникот во 15.10 часот. Возот не можел да закочи толку брзо иако кондуктерот се обидувал да им сигнализира на девојките да се тргнат од шините. Едната девојка починала на местото, а другата во […]

Во Грција регистрирани низа земјотреси, од кои четири над 4 степени


За помалку од еден час, кусо по полноќ, во Грција беа регистрирани четири земјотреси со јачина од 4 до 4,8 степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот на сите земјотреси е во близина на градовите Егио и Нафпактос во западниот дел на Грција. […]

Лоша е грчката идеја за потврда за вакцинација при патувања, вели романскиот претседател Јоханис


Романскиот претседател Клаус Јоханис синоќа изјави дека не е добра идејата за сертификат за вакцинација од Кoвид-19 да се користи за олеснување на патувањата на европските граѓани, посочувајќи на можноста за дискриминација. Тој додаде дека верува дека треба да постојат потврди за вакцинација, но дека мора да се користат од медицински причини, пренесува Аџерпрес. Романскиот […]

Во Словенија од Ковид-19 починаа 60 отсто корисници на старските домови


Според најновите податоци, во Словенија од почетокот на епидемијата од последиците на ковид-19 до сега починале близу 60 отсто луѓе корисници на старските домови. Според податоците на словенечкиот национален Институт за јавно здравје, минатата година во Словенија забележан е 2.891 смртен случај кај лицата заразени со корона вирусот, од кои во 1.682 случаи се работело […]

Јанша: Усвоен планот за вакцинација – прво ранливите групи и постарите лица


Планот за вакцинација против Ковид-19, усвоен од словенечката Влада за првата половина на оваа година, предвидува најпрво да се вакцинираат ранливите групи и постарите лица, додека оние надвор од овие категории ќе бидат вакцинирани на пролет. Ова го изјавија на прес-конференција премиерот Јанез Јанша, кој до именувањето нов министер за здравство, привремено ја извршува и […]

Грција ќе пушти брз воз од Солун до Атина


Грција ќе пушти нов брз воз меѓу Атина и Солун со кој растојанието меѓу двата града ќе се минува за три часа. Брзиот воз ќе го направи своето прво патување на националниот празник на Грција. Цената на билетот сè уште останува мистерија. Грчката железничка компанија „Трансосе“ започна со тестирање на најбрзиот воз во земјата, наречен […]

Во Хрватска стигнаа и првите дози од вакцината на „Модерна“


  Во Хрватска денеска стигнаа првите 3.600 дози од вакцината што ја произведе француската комапнија „Модерна“. Ова го објави на Твитер, портпаролот на Владата, Марко Милиќ. „Целата прва транша ќе се прати за вакцинирање на луѓето против Ковид-19 во Сисачко-мословската жупанија“, напиша тој на Твитер и објави фотографии од првите дози од вакцината на „Модерна“ […]

Албанска академија на науки: Во Албанија околу 600.000 заразени со Ковид-19


 Во последната студија на Албанската академија на науките, реалната бројка на заразени со Ковид-19 во земјата е околу 600 илјади лица, јави дописничката на МИА од Тирана. -Податоците што резултираа со затворање на втората фаза од оваа студија, која беше завршена во декември минатата година, се со идентичен степен на веродостојност како и во сите […]

Ограбена новоотворената ковид-болница во Крушевац


  Од магацинот на новоотворената ковид-болница во Крушевац, соседна Србија непознати крадци однесе ноќеска медицински уреди. Ова го потврди и координаторот на здравствената установа Влада Цветанович, кој вели дека одземени се девет телемедицински системи. Кражбата е забележана утрово, а полицијата извршила увид. На вратата од магацинот нема траги од насилно влегување. Цвијаќновиќ вели дека телемедицинските […]

Во Србија уште 2.142 заразени со корона вирусот, починаа 29 пациенти


Според последните информации, во Србија регистрирани се 2.142 новозаразени со корона вирусот, а 29 заболени починаа. Направени се 13.323 тестирања во последните 24 часа, а 2.424.147 од почетокот на пандемијата. На болничко лекување се 5.554 пациенти, а 189 на респиратор. Стапката на смртност е еден отсто, а досега вкупно почилнале 3.639.

Вучиќ бара помош од Транспортната заедница за Зелени коридори меѓу Западен Балкан и ЕУ


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и директорот на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница на ЈИЕ, Матеј Закошњек, на денешната средба разговораа за развој на регионалната транспортна мрежа и сообраќајната врска на Западен Балкан со ЕУ, што ќе донесе бројни придобивки за граѓаните и компаниите. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ побарал од […]

Скандал во Бугарија: Советници на Каракачанов и Борисов се вакцинирале преку ред


Вакцинацијата против КОВИД-19 во Бугарија предизвика скандал откако медиумите објавија дека советници од власта се нашле приоритетно на листата место здравствени работници. Скандалот се случи во Сандански, во него се инволвирани  (барем) три политички партии, стигна до министерот за здравство и покрена голем број прашања за ефикасноста на владиниот план за вакцинација.  Според планот за […]

Мицотакис бара од ЕУ да воведе сертификат за вакцинираност


Грчката влада предлага ЕУ да воведе сертификат за вакцинација, за „олеснување на слободата на движење на лицата кои биле вакцинирани против Ковид-19“, ѝ напишал премиерот Киријакос Мицотакис во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Тој бара „итно е да се донесе заедничко разбирање за тоа како треба да се структурира потврда […]

Најавено олеснување на анти-ковид мерките во Косово


Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај вели дека здраствените власти во земјата ги разгледуваат можностите за олеснување на дел од мерките за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19, кои  се моментно во сила, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната средба со Советодавниот борд за справување со пандемијата, Земај, преку својата страница […]

Словенија со нови 1.860 заразени, а Хрватска со 759


Во Словенија во последните 24 ласа потврдени се нови 1.860 новозаразени со корона вирус, а од последиците од Ковид-19 починале 24 пациенти, објави Министерството за здравство, додека премиерот Јанез Јанша попладне треба да го изнесе планот за вакцинирање за првите шест месеци од годината. Бројот на активни случаи е 24.190 и е помал за сто […]

Грција обезбедила повеќе вакцини од бројот на жителите


Грција има обезбедено 26 милиони и 90 илјади дози вакцина против коронавирусот, односно можност за вакцинација на над 15 милиони граѓани, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус. Тој објасни дека поголемиот број вакцини во однос на бројот на населението е дел од европската политика. Во однос на вакцината на Фајзер, […]

Црна Гора ќе ја менува програмата за економско државјанство


Црногорската Влада планира со измена на програмата за економско државјанство да му овозможи на висококвалификуваниот кадар, посебно во областите на науката и технологијата, да стекне црногорско државјанство, изјави министерот за економски развој Јаков Милатовиќ. Тригодишната програма за добивање црногорско државјанство преку вложување во инвестиции, која ја започна владата на поранешниот премиер Душко Марковиќ, започна на […]