Во Хрватска 431 нов случај на зараза со корона вирус, починаа 13


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 431 нов случај на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 2.421.

Од нив 782 се на болничко лекување, а на респиратор има 78 пациенти.

Починаа 13 пациенти или вкупно 5.420.

ДОсега од корона вирус во Хрватска заболеа 239.685 лица, а оздравеа 231.844.

Тестирани се вкупно 1.298.994 лица, од кои 5.579 во последните 24 часа.