Словенија: Полицијата бара во весникот „Дневник“ договори со државната новинска агенција СТА


Истражителите на словенечкото национално биро за истраги (НБИ) ја посетија медиумската куќа Дневник, објави истоимениот весник, наведувајќи дека предмет на интерес е областа на рекламирање, особено деловниот договор за рекламирање со словенечката новинска агенција СТА . Истражителите биле заинтересирани за деловните договори на Дневник со СТА – сакале да знаат кој ги потпишува договорите и […]

Вучиќ со Радев во недела во Димитровград на откривање на споменикот на Св. Кирил и Методиј


Српскиот претседател Александар Вучиќ во недела во Димитровград ќе се состане со бугарскиот претседател Румен Радев, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од Канцеларијата за медиуми на српскиот претседател, Вучиќ и Радев прво ќе имаат тет-а-тет разговори, по што ќе се одржи пленарен состанок на делегациите на двете држави. По состанокот со претставниците на бугарското национално малцинство во […]

Уште 28 жртви на Ковид-19 во Хрватска


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 525 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи денеска изнесува вкупно 4.633. Меѓу нив 1.331 пациент се на болничко лекување, од нив 131 пациент на респиратор. Починаа 28 пациенти или вкупно досега од Ковид-19 починаа 7.856. Од почетокот на епидемијата во Хрватска […]

Пожарот во Грција гори втор ден, изгоре 20 км шума


Пожарот кој ги зафати планините над Коринтскиот залив во Грција и денеска годи, втор ден по ред, поттикнат од силниот ветар. Поради огнената стихија стотици луѓе мораа да бидат евакуирани. Во текот на целата вечер спасувачите и пожарникарите ја продолжија борбата против првиот поголем пожар во сезоната кој веќе уништи 20 километри шума, пренесе грчката […]

Вархеи ги почна разговорите во Софија со Борисов


Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов се состанал утрово со еврокомесарот за проширување на ЕУ,  Оливер Вархеи, во седиштето на партијата. Главниот фокус на разговорот бил Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Притоа, Борисов ја истакнал клучната улога на Бугарија во враќањето на темата за европска интеграција на Западен Балкан […]

Бугарскиот технички премиер разговарал со германскиот амбасадор, станало збор и за евроинтеграцијата на С. Македонија


Техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев, вчера имал разговори со амбасадорите на Русија и Германија, јави МИА На средбата со ерманскиот амбасадор во Софија, Криштоф Ајхорн, се разговарало за можностите за продлабочување на заемно корисната соработка, особено во областа на економијата, безбедноста и меѓународните односи. Во фокусот на состанокот биле и претстојните парламентарни избори во […]

(Фото, видео) Ѓоковиќ и Чифлиганец отворија градинка близу Златибор


Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „Проф. д-р Ванчо Чифлиганец“ со Адора Бизнис Групацијата, како главни партнери во заедничка хумана мисија отворија нова градинка во село Љубиш, во близина на Златибор и покажаа дека хуманоста нема граници, соопштија од Адора инженеринг. Од таму додаваат дека станува збор за нова градинка во рурална средина во општина Чајетина во […]

Мутација во британската варијанта на Ковид-19, типична за бразилската, за првпат откриена во Бугарија


Во Бугарија за првпат е изолиран британски сој на коронавирусот со мутација карактеристична за бразилската варијанта. Тоа го соопшти бугарскиот Национален центар за заразни болести. Мутацијата К417Т е откриена при клинички анализи земени од различни места во државата. Мутацијата К417Т е типична за бразилската вирусна варијанта P1 позната и како Б.1.1.28.1 или 20Ј/501Y.V3. Мутацијата е […]

Амбасадорот на Косово во Северна Македонија меѓу 12-те разрешени „политички именувани“ амбасадори


Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на барање на Министерството за надворешни работи и дијаспора, го потпиша указот за повлекување на амбасадорот на таа земја во Република Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај и на 11 други дипломатски претставници за кои е заклучено дека биле „политички именувани“ од претходните власти, јави дописникот на МИА од Приштина. Шефицата на […]

Јанез Јанша се соочува со импичмент пред претседателството со ЕУ


Словенечкиот премиер нема мнозинство во парламентот, ниту пак опозицијата така што е неизвесно како ќе заврши гласањето. Протестите во Љубљана против владеењето на Јанша траат веќе еден месец   На помалку од два месеци пред Словенија да го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ, конзервативниот премиер Јанез Јанша се бори со пожари дома и во странство […]

Поради голем пожар на Коринт во Грција, евакуирани се села и манастири


Најмалку шест села и два манастири беа превентивно евакуирани, поради големиот пожар што изби доцна синоќа во близина на Коринт во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката противпожарна служба со 182 пожарникари, седум пешадиски тимови, 62 возила, со 17 авиони, три хеликоптери и со помош на цистерни од општината и волонтери, се обидува […]

САД почнале со производство на авионите „Ф-16 Блок 70“ за Бугарија 


Во САД почна производството на американските борбени авиони „Ф-16“, нарачани од Бугарија, соопштија американските воено-воздухопловни сили, јави Бугарското национално радио. Освен за Бугарија, во производствената линија во САД ќе се составуваат борбени авиони и за Бахреин, Словачка и Тајван. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението на американското воено воздухопловство, […]

На Сали Бериша и семејството им е забранет влезот во САД поради корупција


Порнешниот албански претседател, премиер и екс лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша и семејството прогласени се за персона нон грата во САД. Во изјавата на американскиот државен секретар Антони Блинкен објавена на 19 мај 2021 година, како и на официјалната веб-страница на Стејт департменот, стои дека „во негово официјално својство, посебно како премиер на […]

Во Србија повеќе од 600 новозаразени, а починаа 15 пациенти со Ковид


  Според последните податоци во Србија регистрирани се 609 случаи со корона вирус, а починаа 15 лица. На респиратор се 80 пациенти. Во последните 24 часа во Србија на корона вирус тестирани се 10.761 лица. Вчера пак, беа тестирани 11.870 од кои позитивни беа 686. Починаа уште 14 лица,додека на респиратор имаше 86 пациенти. Минатата […]

Русите го одобрија производството на вакцината „Спутник В“ во Србија


Рускиот  Институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена на белградскиот Институт „Торлак“ и го одобри производството на вакцината „Спутник В“ против коронавирусот во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што ќе ја произведува вакцина „Спутник В“, соопштено е на […]

Брнабиќ: ЕУ не знаат за некои важни работи кои функционираат во регионот


-Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изрази надеж дека 2021 година ќе биде поуспешна и за Србија и за регионот на Западен Балкан, кога станува збор за евроинтеграциите, јави дописникот на МИА од Белград. По работната вечера подготвена за лидерите на Западен Балкан од страна на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност […]

Извештај на бугарските служби: Пандемијата создаде предуслови за интензивирање на прекуграничниот организиран криминал


 Во Годишниот извештај на Државната агенција „Разузнавање“ на Бугарија за нејзините активности во изминатата 2020 година се информира за влошување на глобалната економска состојба поради постојаната пандемија со Ковид-19 и создаде предуслови за зајакнување на прекуграничниот организиран криминал. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарскиот контраразузнавачки документ, зачувана е тенденцијата за користење […]

Црна Гора вакцинираше речиси една четвртина од своето население


Во Црна Гора до денеска се искористени 148.255 дози вакцини против коронавирусот, што значи дека близу една четвртина од населението во земјата е вакцинирано, соопшти црногорското Министерство за здравство. Како што се наведува, околу 113,5 илјади граѓани примиле прва доза од вакцината, додека скоро 35 илјади Црногорци биле целосно имунизирани. – Црна Гора вакцинираше поголем процент од своето население […]

Бугарија ќе добие од иницијативата „Три мориња“ меѓу 50 и 250 милиони евра


Бугарија ќе добие меѓу 50 и 250 милиони евра во рамките на иницијативата „Три мориња“, со што ќе се финансираат бугарски проекти во областа на транспортот, енергијата и дигиталното поврзување. Досега има три приоритетни бугарски проекти, кои ги разгледува фондот кон иницијативата – 3SIIF. Ова е посочено за време на меѓународната онлајн конференција „Капитал за […]

Светска банка продолжува да му помага на Западен Балкан преку инвестирање во чисти извори на енергија


 Загадувањето на воздухот и понатаму останува водечки фактор на ризик за животната средина придонесувајќи на вкупниот број смртни случаи и инвалидитет во Западен Балкан. Проценетите годишни економски трошоци поврзани со штетите по здравјето предизвикани од ова загадување се запрепастувачки, со просечни 240 милиони долари во Косово (3,6 отсто од БДП), 750 милиони долари во Северна […]