Албанија ги олабавува мерките – музика до 23 часот, полициски час од полноќ…
Од денес, баровите и кафулињата во Албанија имаат дозвола да пуштаат музика до 23 часот, наместо претходно до 22 часот, полицискиот час е сè уште во сила од полноќ до 6 часот наутро, објави Техничкиот комитет на експерти, кој одлучува за мерките против коронавирусот, пренесе Танјуг.
Од 15 јуни дозволено е собирање до 50 лица надвор, додека носењето маска во затворен простор е сè уште задолжително, пренесува порталот Албаниан дејли њуз.
Во исто време, цените во баровите и рестораните се зголемија за 1,3 проценти во споредба со мај и јуни, што е најголемо зголемување на цените од јануари 2017 година.