Нови антиковид мерки во Црна Гора


Црна Гора денеска воведе нови мерки, што првенствено се однесуваат на условите за влез во земјата. Во Црна Гора ќе може да се влезе само ако нејзините граѓани и туристите покажат дека се вакцинирани против Ковид-19, да прикажат ПЦР тест не постар од 72 часа, да имаат потврда дека прележале или со брз антигенски тест […]

Од денеска нови рестриктивни анти-ковид мерки во Бугарија


Од денеска стапуваат во сила новите мерки против Ковид-19 на територијата на Бугарија, откако случаите на заразени лица повторно почнаа да растат. Во земјата има 1.371 нови случаи на корона вирус со извршени 20.952 тестови, што значи дека 6,5 проценти од земените примероци се позитивни. Согласно новите мерки се ограничува капацитетот на ресторани, спортски сали, […]

ГЕРБ веднаш го врати мандатот за составување влада на Бугарија


Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на бугарска влада на Даниел Митов од ГЕРБ, партијата која е втора по големина според претставниците во националното собрание. Но како што беше и претходно најавено, Митов веднаш му го врати мандатот на Радев. – За жал, не гледаме можност тој да се реализира. Нашиот […]

Додик повикан на сослушување во Обвинителството на БиХ поради негирање геноцид


Обвинителството на Босна и Херцеговина го повика српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, на сослушување поради негирање на геноцидот во Сребреница. Додик вчера ја потврди оваа информација, за време на посетата на Мостар, коментирајќи ја веста дека градоначалникот на Јабланица Дамир Шабановиќ (СДП) поднел кривична […]

Словенија забрани пластични производи за еднократна употреба


Во Словенија од вчера забранета е употреба на повеќето пластични производи за еднократна употреба. Чаши и чинии за еднократна употреба, пластични садови, сламки, како и пакување за брза храна и кутии од стиропор ќе бидат повлечени од пазарот. Пластичните производи што немаат алтернатива, како влажни марамчиња, пластични филтер за цигари и тампони ќе продолжат да […]

Србија има повеќе од 1.650 новозаразени


Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1656 нови случаи на корона вирусот. Починале 5 пациенти. Во болниците во Србија моментално се хоспитализирани 917 пациенти, од кои 28 дишат со помош на респиратор. За 24 часа биле тестирани 12.869 лица од кои 12,87 отсто биле позитивни на овој вирус. До сега во Србија корона […]

Рама: Албанија ќе прими најмалку 3.000 Авганистанци


Албанија ќе ја отвори вратата за најмалку 3.000 Авганстанци, изјави албанскиот премиер Еди Рама за италијански „Фогли“ (Fogli). -Нашата историја ни го наметнува ова. Сме преживеале војна и имаме свежи спомени за неа, кажа Рама. Весникот ја опишува одлуката како манифест на премиерот Рама против оние Европејци што тој ги дефинира како „хипокрити “ и […]

Во Хрватска нови 486 случаи со корона вирус, починаа тројца


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 486 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 2.355. Од нив 244 пациенти се лекуваат во болница, од кои 25 на респиратор. Починаа три пациенти. Од февруари 2020 година до денеска во Хрватска се забележани 368.419 лица заболени од кроона […]

Гори Хвар


На островот Хвар во Хрватска, западно од Стариот Град во средата вечерта изби пожар кој го гасат пожарникари од земја и од воздух. Од копно, на помош им пристигнуваат уште сили, вели командантот на противпожарната служба Иван Ковачевиќ. Смета дека пожарот денеска ќе биде локализиран, иако гори густа шума и на места теренот е непристапен.

Нови мерки против Ковид-19 во Косово


Владата на Косово усвои нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, кои вклучуваат затворање на ноќни клубови и дискотеки, забрана за организирање свадби и други семејни прослави и пократко работно време на угостителските и туристичките капацитети. Новите мерки ќе важат до 1 септември, кога треба да се преоцени епидемиолошката состојба и врз основа на […]

Пожарникарите се борат со пожарите во Атина, четврти ден по ред


Четврти ден по ред, пожарникарите се борат со пожар во областа Вилија во западна Атика, област каде што се наоѓа главниот град на Грција, Атина. Повеќе од 420 пожарникари, кои имаат помош од колегите од Полска, но и помош од воздух, во моментов го гаснат пожарот, објави денеска „Катимерини“ . Претходно, локалните власти ги евакуираа […]

Условите за влез во Грција продолжени до 27 август


Досегашните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, а се однесуваат на документ поврзан со Ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се до 27 август 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, […]

Трифонов: „Има таков народ” веќе е опозиција


Победничката партија на последните парламентарни избори во Бугарија, што се одржаа на 11 јули, „Има таков народ“ со своите 65 пратеници веќе е во опозиција, а другите партии со своите 175 пратеници веќе се власт, изјави нејзиниот лидер Слави Трифонов, според кого, како овие партии ќе преговараат едни со други е веќе нивна работа. -Бидејќи […]

Логар: Словенија подготвена да прими максимум пет соработници на ЕУ од Авганистан


Словенија– Шефот на словенечката дипломатија, Анже Логар, денеска изјави дека Словенија нема намера да прифаќа бегалци од Авганистан, освен максимум пет Авганистанци кои работеле за ЕУ. На вчерашниот онлајн состанок европските министри за надворешни работи се согласија дека земјите -членки треба да обезбедат солидарност и помош за оние кои работеле како преведувачи за европската дипломатска […]

Голем скок на новозаразени и во Босна и Херцеговина


Во Босна и Херцеговина, по релативно мирно лето, во однос на бројот заболени од корона вирус, денеска се регистрирани 420 нови случаи, од 2.791 теста, за разлика од вчера кога имаше 276 новозаразени од 2.747 тестирани. Истовремено забележани се и два смртни случаи. Најголем број од новозаразените се од Федерацијата БиХ – 318, додека во […]

Повторно над 4.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција


По пауза од една седмица, во Грција повторно се регистрирани над 4.000 нови случаи на Ковид-19, односно 4.206, а зголемен е бројот и на пациенти приклучени на апарати, но и на направени тестови, согласно денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи 28 се увезени, 969 […]

Во Албанија првите 300 Авганистанци пристигнуваат вечерва


Првите 300 Авганистанци во Албанија треба да пристигнат вечерва пред полноќ. Врз основа на одлуката на владата, овие и сите што потоа ќе допатуваат ќе бидат сместени во Тирана и во Драч, во студенски домови, како и во хотели. Денеска студентите од седмиот и осмиот блок во студентскиот град во Тирана, почнаа да се иселуваат […]

Повторно скок на бројот заразени во Србија – денеска 1.484


  Во Србија, според последните податоци регистрирани се уште 1.484 случаи со корона вирус, а од последиците на заразата починале три лица. Бројот заболени расте, ако се знае дека вчера беа регистрирани близу 1.300 новозаболени. На респиратор се 26 пациенти, а во болница се лекуваат 879 луѓе. Денеска се направени 13.695 тестови. Досега од Ковид-19 […]

Утрово уште еден земјотрес во Хрватска


Утрово во 8.30 часот во Далматинска загора, Хрватска се случи уште еден земјотрес, според податоците на ЕМСЦ. Епицентарот на потресот бил на 14 километри јужно од местото Подхум во Босна и Херцеговина и 44 километри североисточно од Сплит. Магнитудата на потресот е 3.3 степени според Рихтер, а бил на длабочина од 10 км. Инаку, синоќа […]

Од денеска во Србија достапна трета доза вакцина против Ковид-19


Третата доза вакцини против Ковид-19 од денеска ќе биде достапна во Србија. Српската влада објави постапка за примање на третата доза, а граѓаните може да изберат која вакцина сакаат да ја примат. „По 180 дена од примањето на втората доза, сите вакцинирани граѓани ќе можат да ја добијат третата (бустер) доза, и ќе бидат поканети […]