Висок функционер од Агенцијата за безбедност на Црна Гора пронајден мртов


Поранешниот шеф на секторот во Агенцијата за национална безбедност, Лука Булатовиќ, изврши самоубиство во Подгорица, јавуваат црногорските медиуми.

Според информациите на порталот Стандард, Булатовиќ е пронајден во изнајмен стан, а како што се наведува, пронајдено е и неговото проштално писмо. Истрагата е во тек, полицијата ги презема сите мерки и дејствија за да го испита случајот.