Повеќе од 6.000 новозаразени во Србија, починаа 56 пациенти


 

Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 6.051 новозаболени со Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа 56 лица.

Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 5.984.140 примероци, а вирусот е потврден кај 1.043.758.

На респиратор се наоѓаат 278 пациенти, додека на болничко лекување има 6.641 пациент.

За денешниот пресек, тестирани биле 19.482 примероци.

Во текот на пандемијата од корона вирус во Србија поради Ковид-19 починаа 9.052 лица, а процентот на смртност изнесува 0,87.