(Фото) Автобус со работници пропадна во дупка во Солун


Автобус кој превезувал работници од нафтена рафинерија во Солун, пропаднал во дпка на патот, која ја поткопале обилните дождови, но никој не е повреден.

Во моментот на несреќата, во автобусот имало 15 лица, пренесе АП.

Обилните дождови предизвикаа поплави во Атина и во други делови на Грција, а поради бурата, бројни патишта беа затворени.