Во Србија, од понеделник, средните училишта преминуваат на комбиниран модел


Министерството за образовани на Србија одлучи од понеделник, да почне да се применува комбинираниот модел на настава во средните училишта.

Ова се однесува на три локални самоуправи: Белград, Врњачка Бања и Шабац.

Овој модел на настава подразбира образовно-воспитниот процес да се организира комбинирано, односно со непосредна настава и настава на далечина, а одделенијата ќе се поделат на групи.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 7 до 13 октомври, бројот на деца од школска возраст кои се заразени со ковид-19 во Србија изнесува 3.442 или 0,45 отсто.