Тајната на германските документи за распадот на Југославија


Од почетокот на годинава се достапни документите на германското МНР за признавањето на независноста на Словенија и Хрватска во 1991 година. Ја потврдуваат ли тезата за вината на Германија за распадот на Југославија? Линк до целиот текст на Дојче веле тука  

Мандл: Прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ пред Украина


Aвстрија – Членот на Австриската народна партија во Европскиот Парламент, Лукас Мандл, оцени дека се разбирливи размислувањата за членство на Украина во Европската унија. Но, според него, пред да дојде до тоа, треба да бидат примени сите земји од Западен Балкан. – Разбирливо е тоа што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во моменталната […]

Хрватите навалија по јод – се плашат од нуклеарен напад


  По заканата од рускиот претседател Владимир Путин дека ќе активира нуклеарно оружје, граѓаните на Хрватска исплашени во аптеките бараат јод, јави хрватсктата Нова ТВ. „Граѓаните веќе неколку дена доаѓаат во аптеките и прашуваат за таблети јод, поттикнати од идејата за нуклеарна војна. Секој пола час некој влегува и прашува како може да го набави […]

Бугарскиот Парламент на вонредна седница ќе решава за оставката на министерот за одбрана


Бугарија – За оставката на бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев денеска ќе се гласа на вонредна седница на Парламентот, јави дописникот на МИА од Софија. Оставката ја побара бугарскиот премиер Кирил Петков, кој изјави дека ниту еден министер во Владата нема право на своја надворешна политика, особено на Фејсбук. Повод за неговата изјава беше објава […]

Грција суспендира соработка со руски културни организации и ја откажа балетската претстава „Лебедово езеро“


Грција – По наредба на министерката за култура на Грција, Лена Мендони се суспендираат било какви културни настани во Грција и соработки со руски организации, а веќе се откажани и два настана планирани оваа седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за култура на Грција соопштија дека се откажани Гала опера закажана за 3 […]

Црна Гора има залихи на храна и гориво за два-три месеци


Црна Гора има залихи на храна и гориво за следните два-три месеци, изјави денеска државниот секретар во Министерството за економски развој на Црна Гора, Милена Липовина Божовиќ. – Ќе ја следиме ситуацијата на терен, доколку има потреба ќе реагираме, сето тоа согласно законските прописи, изјави таа на прес-конференција. Божовиќ додаде дека земјата е осудена да […]

Вучиќ: За три дена остарев колку за 10 години


  Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ситуацијата околу Украина „воопшто не е наивна“ и рече „дали да ги потсетувам што ѝ правеа на Србија“. Вучиќ беше на отворањето на погонот на фабриката „Вакер Нојсон“ во Крагуевац и беше запрашан дали Србија ќе ги сноси последиците од невоведувањето санкции кон Русија, како и за […]

Сириза е против Грција да испраќа воена помош на Украина


  Главната грчка опозициска партија Сириза рече дека е против одлуката на владата да испрати оружје во Украина. „Да – за испраќање хуманитарна помош и поддршка на бегалците, не – за испраќање воена опрема“, објави на социјалните мрежи портпаролот на левичарската партија Сириза Насос Илиопулос. Комунистичката партија, исто така, рече дека се против испраќање воена […]

Румен Радев не е за смена на министерот за одбрана по неговите изјави за инвазијата на Украина


  Бугарскиот претседател Румен Радев не е наклонет на предлогот на премиерот министерот за одбрана Стефан Јанев да биде разрешен од функцијата поради неговите несоодветни изјави за руската инвазија на Украина. „Смената на министерот за одбрана среде воена криза во соседството е ризик за кој е одговорна владејачката коалиција. При изборот на министер мнозинството мора […]

Се откажуваат резервациите во Банско: „Блиску сме до случувањата“


  Поради моменталната ситуација во Украина, во бугарското скијалиште Банско се откажуваат резервациите. Туристичките експерти сметаат дека бројот на откажани одмори ќе продолжи да расте, како за крај на зимската, така и за почетокот на летната сезона. „Во моментот во Банско има најмногу туристи од Велика Британија и од Израел, ги има и од Русија, […]

Народната банка на Србија тврди дека „Сбербанк Србија“ е ликвидна


Народната банка на Србија денеска објави дека Сбербанк Србија е високоликвидна и добро капитализирана и дека не е засегната од проценката на Европската централна банка (ЕЦБ) за можен банкрот поради големиот одлив на депозити, регистрирани во филијалите во Австрија, Словенија и Хрватска,јави дописникот на МИА од Белград. -Во однос на мерките на ЕЦБ и Единствениот […]

Во 2023 година се очекува Албанија да има највисок јавен долг во регионот


Албанија се движи со побавно темпо од соседите во однос на фискалната консолидација, што значи бавно намалување на јавниот долг на среден рок, стои во анализата на весникот „Монитор“. Се додава дека во последниот извештај на Европската комисија за земјите кандидати, во 2023 година се очекува земјата да има ниво на јавен долг од 73,9 […]

Грција го затвори воздушниот простор за сите руски авиони


Во согласност со одлуката на Европската Унија да го затвори воздушниот простор за Руската Федерација, Грција од денеска во следните три месеци забрани летови на сите авиони од Русија, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно издадените авио упатства (НОТАМ) од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, во воздушниот простор на Грција, „забрането е слетување, […]

Бугарската влада денеска ќе го разрешува министерот за одбрана Стефан Јанев


На вонреден состанок на бугарската влада ќе се разговара за разрешување на министерот за одбрана Стефан Јанев. Се очекува оставката на Јанев да биде изгласана на вонредна седница на Националното собрание во вторник. Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков во вонредна изјава на Советот на министри, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарскиот премиер […]

Доставена хуманитарната помош од Грција за Украина


Грција секогаш на вистинската страна на историјата! Мисијата е завршена, напиша на социјалните мрежи грчкиот заменик-министер за одбрана Никос Хардаљас, откако хуманитарната помош од Грција за Украина, пристигна во Полска, јави дописничката на МИА од Атина. Хардаљас ја предводеше грчката делегација што пренесе медицински материјали и продукти за основни потреби, а хуманитарна помош со воени […]

Софија и Атина ќе преговараат за изградба на нова атомска централа во Бугарија 


Бугарија– Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев, за Нова ТВ изјави дека Софија и Атина почнуваат преговори за изградба на нова нуклеарна централа во Бугарија што ќе ја користи Грција според долгорочен 20-годишен договор. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Василев, дејствијата ќе бидат преземени многу брзо, под услов да […]

Турција планира да го ограничи влегувањето на руски воени бродови во Црно Море преку Дарданели и Босфор


Турција– Турција  ја промени својата реторика, нарекувајќи го рускиот напад врз Украина „војна“ и вети дека ќе спроведе делови од меѓународниот поморски договор за ограничување на минувањето на руските воени бродови од Средоземното Море до Црното Море. Украина ја повика Турција да го блокира натамошниот влез на руски бродови во Црното Море, од каде руските […]

Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони, а воведе и други санкции


Албанија– Албанија од синоќа го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информираше министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Според неа од тоа се изземаат оние летови кои се за хуманитарни или медицински цели или меѓудржавни потреби. Џачка информираше и за други економски санкции против Русија, што […]

Агенцијата за банкарство на Федерацијата БиХ го презеде управувањето со Сбербанк


Агенцијата за банкарство на Федерацијата Босна и Херцеговина го презема управувањето со Сбербанк БХ, потврди денеска директорот на Агенцијата, Јасмин Махмузиќ, откако филијалите на банката во изминатите денови се пребукирани од бројни клиенти кои се обидуваат да ги повлечат своите пари поради страв од западните санкции за рускиот банкарски сектор. – Клиентите можат да си […]

Специјалниот пратеник на Путин не доаѓа во Белград


Откажана е посетата на секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев на Белград, соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, отфрлајќи ги наводите дека Патрушев бил во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. -Не беше тука и нема да дојде во Белград, изјави Вучиќ за новинарите на отворањето на Клиничкиот центар на Србија […]