Хрватите навалија по јод – се плашат од нуклеарен напад


 

По заканата од рускиот претседател Владимир Путин дека ќе активира нуклеарно оружје, граѓаните на Хрватска исплашени во аптеките бараат јод, јави хрватсктата Нова ТВ.

„Граѓаните веќе неколку дена доаѓаат во аптеките и прашуваат за таблети јод, поттикнати од идејата за нуклеарна војна. Секој пола час некој влегува и прашува како може да го набави тој лек. Но, може да се земе само на рецепт. Тој нема друга индикација и се користи само во случај на нукеарни катастрофи“, вели шефицата на Хрватската здравствена комота Ала Солдо.

По нуклеарни катастрофи СЗО пропиша протоколи во случај на такво делување.

„На граѓаните треба да им се каже дека тоа се однесува на тесни радиуси од местото на несреќата. Постојат два протоколи, од 15 и 20 километри. Сличен протокол имаме и во Хрватска. Тоа сега не е општа опасност и причина за непримерен начин да се добие јод, кога во суштина тој лек не ни треба“, појаснува Солдо.

Тоа не е лек што се користи за сите

Таа вели дека разбира оти граѓаните се исплашени. Но, појаснува дека лекот не е наменет за сите, туку за луѓе помлади од 40 години кои биле изложени на нуклеарна радијација.

Се пропишува според возраста и килажата, а во моментот вели, нема потреба од него.