Во 2023 година се очекува Албанија да има највисок јавен долг во регионот


Албанија се движи со побавно темпо од соседите во однос на фискалната консолидација, што значи бавно намалување на јавниот долг на среден рок, стои во анализата на весникот „Монитор“.

Се додава дека во последниот извештај на Европската комисија за земјите кандидати, во 2023 година се очекува земјата да има ниво на јавен долг од 73,9 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што се проценува дека е највисок во регионот, надминувајќи ја и Црна Гора, која досега го држеше рекордот.

Во 2020 година, кога пандемијата го зафати светот, сите земји го зголемија својот јавен долг бидејќи владите ги зголемија трошоците за да ги надоместат загубите направени од економијата во услови на строго ограничувачки мерки, со цел спречување ширење на вирусот. Во регионот највисоко ниво на долг постигна Црна Гора, 105,3 отсто од БДП, а потоа Албанија, со околу 76 отсто од БДП.

-Иако нашата земја имаше втор највисок јавен долг во регионот и раст од околу 10 процентни поени во 2020 година, во однос на претходната година, повторно помошта за бизнисите и поединците во однос на големината на економијата е помала во Европа, на околу еден отстоод БДП, според процените на Меѓународниот монетарен фонд

(ММФ). По надминувањето на вонредната фаза предизвикана од Ковид-19, сите земји се движат кон фискална консолидација, што значи ограничување на непотребното трошење и подобрување на ефикасноста на приходите, оценува Монитор.

Додава дека според Европската комисија Црна Гора предвидува намалување на јавен долг во 2023 година, на 71,7 отсто од БДП, намалувајќи го со побрзо темпо од Албанија. Другите земји во регионот, пак, се во поповолна положба, бидејќи имаат помали долгови, како што се Косово 22 отсто од БДП, Босна и Херцеговина 35 , Србија 54 и Северна Македонија 58 отсто, според очекувањата за 2023 година, објавени од Европската комисија.

Во 2021 година, според албанското министерство за финансии јавниот долг на земјата достигнал исторски рекорд од 78,1 отсто од БДП и изнесува 1,38 трилијарди лека или зголемување за 1,5 милијарди лека (1,3 милијарди евра) споредено со претходната година, што е и највисок раст и на годишно ниво до сега.

На крајот на 2021 година долгот по глава на жител во Албанија изнесувал 3.850 евра.