Од денеска голема промена на сите банкомати во Хрватска


Хрватска, една од земјите со најразвиена мрежа на банкомати, поради воведувањето на еврото почнува постепено прилагодување на новата валута.  Банкоматите на деловните банки се најважниот канал за снабдување со готовина во куни во Република Хрватска, а ќе бидат и клучниот канал за снабдување на граѓаните со евро банкноти, пишува Н1. Тие треба да се приспособат […]

Турција успешно ја тестираше својата прва хиперсонична ракета


 Турско беспилотно летало „Бајрактар ​​Аканџи“ ја тестираше првата хиперсонична турска ракета воздух-земја, објави „Хуриет дејли њуз“, посочувајќи дека тестирањето било успешно. Ракетата ТРГ-230 ја разви компанијата Рокетсан со седиште во Анкара и успешно ја погоди целта на оддалеченост од 100 километри од местото на лансирање. – Бајрактар ​​Аканџи успешно ја погоди целта со TRG-230-iHA, првата […]

Истражување покажува пад на довербата во партиите во Бугарија


Само 35 отсто од оние кои имаат право на глас би излегле да гласаат на нови предвремени парламентарни избори во Бугарија, покажува анкетата на агенцијата „Алфа рисрч“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на нови избори гласачите би го повториле резултатот од 2 октомври, а ставовите на бугарските гласачи покажуваат силно разочарување од […]

Албанска КЕШ почна со извоз на електрична енергија


Поволната хидрологија овозможи максимално производство на електрична енергија во трите хидроелектрани на каскадата на реката Дрим, што услови албанската електрокорпорација, КЕШ, да почне со извоз. -За периодот од 19 до 23 декември продадени се околу 48.000 мегаватчасови електрична енергија, по цена од 167,2 евра за мегаватчас. Претходно, имавме обид да се депонира оваа количина на […]

Грција: Ева Каили беше „тројански коњ“ на Мицотакис, тврдат од Пасок


  Никој не сака да има никаква врска со Ева Каили, грчката европратеничка во центарот на корупцискиот скандал со Катар – а тоа го вклучува и нејзиниот партиски лидер, кој смета дека сега поранешната потпретседателка на Европскиот парламент и онака била поблиска до конзервативците. Набргу по објавувањето на веста дека Каили е обвинета од белгиската […]

Една искра е доволна за да се разгори ситуацијата во Косово


 Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ изјави дека ситуацијата во Косово „се уште е многу напната“ и дека „едно шкорче е доволно за да се запали сè“. Вучевиќ за денешното издание на Курир изјави дека „очигледно е дека се води многу перфидна војна за да им се стави до знаење на Србите дека не […]

Атина ќе подели 650 милиони евра на граѓаните заради зголемените цени


Владата во Атина од февруари следната година ќе издвои 650 милиони евра за финансиска помош за своите граѓани поради големите поскапувања на храната, најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Како што јавуваат денеска грчките медиуми, тој во парламентот најавил дека државата на граѓаните ќе им врати 10 отсто од потрошените пари за купување храна до одредена […]

Додик: БиХ не добива ништо со кандидатскиот статус за членство во ЕУ


  Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска оцени дека одлуката на лидерите на земјите од Европската Унија да и доделат кандидатски статус на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ „не добива ништо затоа што истата приказна продолжува со зголемен притисок“ од Западот. – Постојано ни велеа дека кога ќе дојдеме до кандидатски статус, […]

Сараевски професор осуден за педофилија, вратен на работа во училиште


  Професор по физичко образование во ОУ Грбавица 1 во Сараево е вратен на работа иако е осуден на една година затвор за кривично дело блуд. Како што пишува Кликс, С.А. бил прогласен за виновен со првостепена пресуда во 2018 година, откако беше обвинет дека две години претходно разменувал пораки и фотографии со една ученичка. […]

Загина бебе во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос


Грчката крајбрежна служба во југозападниот дел на островот Лезбос, на копно, пронашла 34 мигранти и едно починато бебе, а според локалните медиуми, бебето загинало откако чамецот со кој се превезувале удрил во карпа, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба соопштија дека биле информирани дека во конкретниот копнен дел на островот има околу […]

Во Романија регистриран земјотрес од 4,4 степени


  Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 7 часот и 42 минути по локално време ја погоди областа Бузау во Романија. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 144 километри, на околу 68 километри источно од Брашов, односно на 137 километри североисточно од Букурешт. Од почетокот на декември во Романија […]

Албанија: Поплави во Скадар, градоначалникот бара прогласување вонредна состојба


  Обилните дождови присутни од вчера попладне дополнително ја влошија состојбата со поплавите во подрачјето на северниот дел на Албанија, посебно во општина Скадар. Поради тоа првиот човек на општината Бард Спахиа, побара Владата да прогласи вонредна состојба во овој регион. Спахиа побара максимално внимание, бидејќи ниту една ситуација не треба да се занемарува, уште […]

Турција го доби најголемото подземно складиште за гас во Европа


Турција –  Со зголемување на капацитетот на складиштето за природен гас во Силиври, Истанбул, Турција сега го има најголемото складиште за гас во Европа, јавува Анадолија. Во Силиври денеска се одржа програма по повод завршувањето на проектот за зголемување на капацитетот на подземното складиште за гас, каде говореше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Со зголемување […]

Во Хрватска отворена истрага откако протекоа во јавноста личните податоци на над 77.000 граѓани


Хрватска– Лични податоци на 77.317 граѓани протекоа во јавноста од хрватската агенција за наплата на долгови Б2 Капитал. Ова е најголемото истекување на лични податоци во Хрватска досега, објави порталот Индекс. Од таа компанија излегоа податоци кои содржат име и презиме, матичен број, датум на раѓање, адреса на живеење, име и TIN на работодавачот, телефон/мобилен […]

Ѓукановиќ очекува проблемите во Црна Гора да се решаваат со посредник, најверојатно од ЕУ


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека ќе го почитува Уставот и ќе ги потпише измените на Законот за Претседател. Тој посочи дека е реално да се очекува дека проблемите во Црна Гора ќе треба да се решат со помош на посредник и дека најлогично е тоа да биде некој од Европската Унија. Ѓукановиќ ова […]

Белград достави барање до КФОР српската војска да се врати во Косово


  На преминот Мердаре на косовската граница со Србија на Кфор му е предадено барањето на владата на Србија за враќање на сто до илјада припадници на српските безбедносни сили на територијата на Косово според Резолуцијата 1244, пишува РТС. Таква одлука донесла владата на Србија на синоќешната седница. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави […]

Бугарија ја доби првата транша од Планот за закрепнување на ЕУ вреден 6 милијарди евра


  Бугарија ја доби првата исплата според Планот за закрепнување на ЕУ, чија вкупна вредност изнесува 11,8 милијарди лева (шест милијарди евра). Средствата ќе бидат поделени на пет транши што Бугарија треба да ги добие во следните пет години, изјави на прес-конференција вицепремиерот за управување со европските фондови Атанас Пеканов, јави дописникот на МИА во […]

Прва пресуда во Хаг за воени злостворства на ОВК: Салих Мустафа осуден на 26 години затвор


  Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК во Хаг ја донесе првата пресуда против припадник на ОВК – Салих Мустафа (50) е осуден на 26 години затвор за извршени тешки злосторства врз шест Албанци во притвор на ОВК во село Злаш, недалеку од Приштина, во април во 1999 година. Мустафа и нему потчинетите припадници […]

Дачиќ добил гаранции од членките на ЕУ кои не го признаа Косово дека нема да го променат ставот


Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Белград има силни гаранции од петте земји-членки на ЕУ, кои не ја признаваат независноста на Косово, дека нема да го променат тој став, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ за денешен Блиц изјави дека тој и претседателот Вучиќ се во постојан контакт со тие […]

Југославија како проширена Србија


Србите, како млад потентен народ со ореол на победата и особено големи жртви во Првата светска војна, ја немаа способноста за договарање како што ја имаа Хрватите во рамките на Австро-Унгарија, туку настапуваа од позиција на диктат Латинка Перовиќ, која почина на 12 декември 2022 година на 89 години, е последната, така да се рече […]