Партијата на Слави Трифонов се подели, клучните членови го напуштија


Новата коалиција „Заедно“

 

Неколку клучни членови на партијата на Слави Трифонов, Има таков народ, ја напуштија формацијата за да формираат нов субјект кој го нарекоа коалиција „Заедно“. Меѓу нив е и Ива Митева која на два пати беше претседателка на собранието меѓу едни и други предвремени избори.

Друг истакнат член на оваа коалиција е Љубомир Каримански, кој беше кандидат за гувернер на централната банка на Трифонов кога ИТН беше во коалициската влада на Кирил Петков, но не беше прифатен од партнерите.

Портпарол и претседавач на коалицијата е Ива Митева. И таа и Љубомир Каримански учествуваа на изборите на 2 октомври како кандидати за пратеници од партијата на Слави Трифонов, но откако Има таков народ не успеа да го мине прагот од 4 проценти и да влезе во парламентот, ја напуштија формацијата на шоуменот. Сега се надеваат оти на 2 април ќе можат да влезат во собранието, но со друг политички субјект. Коалицијата ќе се позиционирала десно од центарот и ќе се обиде да ги привлече гласовите на оние кои не излегуваа на изборите.