Нова демократија го суспендираше партиското членство на Спираки, нема да биде кандидатка за пратеничка


Грција – Европратеничката Мариа Спираки нема да биде кандидатка за пратеник на Нова демократија на следните парламентарни избори во Грција, а паралелно ѝ е суспендирано и партиското членство со одлука на претседателот на владејачката партија Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката доаѓа откако европската обвинителка побара одземање на пратеничкиот имунитет и на Спираки […]

Деветмина повредени во експлозија во Турција


Турција– Осум турски полицајци и еден цивил се повредени денеска во провинцијата Дијарбекир, кога автомобил-бомба експлодирал на автопат додека покрај него минувал нивниот минибус. Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу изјави дека две лица се приведени и оти се верува дека тие се одговорни за експлозијата. – Во 05:10 часот утринава дошло до експлозија во паркирано возило, […]

Што се крие зад пресудата против градоначалникот на Истанбул, Имамоглу?


Судството на Ердоган се обидува да ги елиминира неговите опоненти со затворски казни. Тоа му се случува и на градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, кој се смета за можен противкандидат на Ердоган на изборите во 2023. Линк до целиот текст тука

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ


Белгија– Шефовите на влади или држави на земјите-членки на Европската Унија на денешниот самит ја потврдија препораката на Европската комисија и на Босна и Херцеговина и доделија статус на кандидат за членство во ЕУ. Лидерите од членките на Унијата, денеска без дискусија ја потврдија препораката која пред два дена ја договорија министрите за европски прашања […]

Протест во Истанбул поради пресуда против градоначалникот Екрем Имамоглу


Турција – Неколку илјади луѓе се собраа денеска, како и вчера, пред зградата на градската администрација во Истанбул на протест против пресудата против градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, кој беше осуден на две години и седум месеци затвор по обвиненија за навреда на членовите на турскиот Врховен изборен совет. Поради таа пресуда тој може да биде […]

Бугарија му даде краен рок на Брисел до кога сака да влезе во Шенген


Иако пристапувањето во Шенген не е точка на дневниот ред на самитот на ЕУ во Брисел, Бугарија денес  побара гаранции дека ќе стане членка, наведувајќи го како краен рок  октомври 2023 година. „Ние сме на пат да постигнеме точен рок за влез на Бугарија во Шенген кој мора да биде неповратен“, изјави бугарскиот претседател Румен […]

Србија нема доволно знаење, искуство и кадар за нуклеарка


Министерката Дубравка Џедовиќ порача денеска дека потребно е да се исполнат полно претпоставки за Србија да може да се размислува за нуклеарна енергија за енергетика. На панелот „Мали модуларни реактори“, на онлајн конференција „Нуклеарната сигурност денес“, која по шести пат ја организира „Србатом“, министерката за енеркетика вели дека за нуклеарна електрана сега Србија нема доволно […]

Курти во Прага ја поднесе апликацијата на Косово за членство во ЕУ


 Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Прага ја поднесе апликацијата на Косово за членство во Европската унија и изрази надеж дека за девет години државата ќе влезе во ЕУ. „Сакаме да се доближиме до членството преку трансформација со постигнување напредок во економијата и сите потребни реформи, изјави Курти на прес-конференција со чешкиот министер за европски […]

Златна година за туризмот во Албанија-ја посетиле 7,1 милиони странски туристи 


Албанија– Календарската 2022 година се оценува како златна година за туризмот во Албанија, како во однос на странските туристи, така и по остварените приходи.  -Во периодот јануари-ноември 2022 година нашата земја привлече 7.152.242 странски посетители, додека лани 5.421.240. Значи 31,9 отсто повеќе посетители споредено со истиот период минатата година, што е рекордна бројка остварена до сега, […]

Вучиќ: Приливот на илегални мигранти од Македонија е зголемен за четирипати, а од Бугарија 3,6 пати


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека од почетокот на годинава приливот на илегални мигранти од територијата на Северна Македонија е зголемен за четири пати, а од територијата на Бугарија за 3,6 пати. Вучиќ рече дека од почетокот на годината властите на Србија спречиле речиси 46.000 илегални влезови од Северна Македонија и дека презеле два […]

Бугарија бара од ЕУ точен датум кога ќе биде примена во Шенген


  Бугарите се нестрпливи и бараат од ЕУ да им гарантира кога ќе биде точниот датум за прием на државата во шенген зоната. Претседателот Румен Радев го определи тој датум како октомври 2023. „На пат сме да постигнеме точен рок за прифаќање на Бугарија во Шенген, кој ќе биде неповратен. Имаме сѐ поголема поддршка и […]

Албанските иселеници за девет месеци дома испратиле 592 милиони евра


 Продолжува растот на дознаките на иселениците, кои, им ги испратиле на своите роднини во Албанија, во периодот јануари-септември, соопшти Централна банка на Албанија.   Според платниот биланс на банката, за девет месеци дознаките изнесуваат 592 милиони евра, што е раст од 10 отсто во однос на истиот период минатата година.  Во третиот квартал, иселениците испратиле 216 милиони […]

Вучиќ вечерва ќе се обраќа на јавноста за Косово


Српската влада вечерва ќе одржи седница, на која ќе присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на која ќе се донесе одлука за враќање на војската и полицијата на Косово, по што е најавено обраќање на Вучиќ. Како што најави Вучиќ пред пет дена, усогласен е текстот со кој согласно Резолуцијата 1244 Србија ќе упати барање до […]

Петков ќе добие дополнително време да проба да направи влада


 Бугарскиот претседател, Румен Радев, најави дека е подготвен да обезбеди дополнително време и за вториот мандатар за формирање влада. Радев од Брисел, каде што треба да учествува на последниот Совет на лидерите на ЕУ за годинава, коментираше дека сите се убедени дека Бугарија треба да има редовна влада, а сите гледаат колку е тешко да […]

Со чартер лет од Атина доброволно во Грузија се вратија 155 грузиски државјани


Грција – Со чартер лет на Меѓународната организација за миграција (ИОМ Грција), 155 грузиски државјани од Атина доброволно се вратија во Грузија во рамките на програмата за помогнато и доброволно враќање и реинтеграција на мигрантите во нивната земја на потекло, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Министерството за миграција на Грција ја накити елката со лампиони со слики од министерот и вработените


Грција- Рачно изработени лампиони со сликата од министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, како и со слики на вработените ја украсуваат новогодишната елка во Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството, на социјалните мрежи, споделија фотографии и видео не само од китењето на објектот […]

Стејт департментот загрижен поради затворската казна за градоначалникот на Истанбул


САД – Американскиот Стејт департмент изразува „длабока загриженост и разочарување“ поради одлуката на турското правосудство да го осуди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу на казна затвор, изјави денеска заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател.   „Оваа неправедна казна не е во согласност со почитувањето на човековите права, основните слободи и владеењето на правото. Ние сме […]

ЕУ денеска ја носи конечната одлука за кандидатскиот статус на БиХ


Белгија – Шефовите на земјите членки на Европската унија денеска на самит во Брисел ќе го дадат последниот збор за кандидатскиот статус на БиХ и почетокот на пристапните преговори на оваа земја со ЕУ. Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, пред два дена изјави дека не очекува никакви проблеми при донесувањето на денешната […]

Ескобар за Н1: Србија и Приштина не се приоритет, туку целиот Западен Балкан


Србија– Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, е оптимист за решавање на кризата во Косово. Тој смета дека не е време за милитаризација туку за преговори и дека Србија не треба да ја враќа војската на Косово. Србија и Приштина не се приоритет, туку целиот Западен Балкан. Здружувањето е неопходно, бидејќи „иднината ќе ви […]

Мерка притвор за специјалниот државен обвинител на Црна Гора


 Специјалниот државен обвинител на Црна Гора, Саша Чаѓеновиќ, кој во петокот беше уапсен поради сомнение за кривично дело создавање злосторничка организација и четири кривични дела злоупотреба на службената положба, останува во притвор што му е одреден поради опасност од бегство и ризик од можно влијание врз сведоците. „Вонсудскиот совет на Вишиот суд во Подгорица ја […]