„Пинк Пантери“ среде Атина ограбиле златара со „ролекси“


Грција- Пет лица се идентификувани како членови на групата која упадна во златара во центарот на Атина, а Србин и Грк се уапсени и обвинети за организиран криминал, разбојништво, тешка кражба со соучесништво, како и кршење на законот за оружје Крадецот С.П. (63) кој се преправал дека е муштерија за да им помогне на своите […]

Шефот на станицата во Грција бил назначен пред 40 дена, по тримесечен курс


Два дена по фаталниот судар на два воза во Грција во кој загинаа најмалку 57 лица, на виделина излегуваат големи недостатоци и застареност на мрежата, а синдикатите уште пред несреќата издале неколку предупредувања. Претставниците на синдикатот пред точно три недели предупредија за тешката состојба во железничкиот сообраќај. – Кога ќе се случи несреќа, одговорните ќе […]

Дачиќ: Србија не извезува оружје ниту во Русија ниту во Украина


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека од почетокот на руската инвазија на Украина, од Србија не е извезено оружје на ниту една од страните во конфликтот, што е прв официјален одговор на пораката на Кремљ дека Москва ги следи информациите за можно снабдување на Украина со српска муниција. – Србија, а […]

Нема смена на Пленковиќ во Саборот


Хрватска- Премиерот Андреј Пленковиќ ја има довербата на хрватскиот Сабор и стабилно мнозинство, потврдeно е денеска со гласањето за импичмент на премиерот, кое го побара опозицијата, на иницијатива на Татковинско движење. За импичментот гласаа 56 пратеници, 77 беа против, а еден воздржан. Против импичментот гласаа 77 пратеници, со што порачаа дека повиците на опозицијата до […]

Турската опозиција се подели пред изборите


  Лидерката на турската Добра партија, Мерал Акшенер, го изрази своето несогласување со кандидатурата на водачот на Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу, за претседателски кандидат, при што нејзиниот потег сигнализира раскол на опозицискиот сојуз. Акшенар, која е начело на партијата со десничарска идеологија, во своите изјави рече дека опозицискиот сојуз повеќе не ја одразува […]

Колку чини лебот во балканските земји, во Србија е замрзнат на 30 денари


  Во споредба со другите земји од Западен Балкан според статистиките заклучно со август, Албанија е земјата каде што лебот поскапел најмалку, додека во Црна Гора цената на овој главен производ е двојно зголемена. Имено, лебот во Албанија поскапе за 20%, па и сега жителите на оваа земја го купуваат по цена од 0,51( 32 […]

За две децении околу 554 илјади албански граѓани добиле државјанство во земјите на ЕУ


 Во период од две децении, 2002-2021 околу 554 илјади албански државјани добиле државјанство на некоја од земјите на Европската унија, каде живеат и работат по напуштањето на Албанија, јави Ора њуз, повикувајќи се на европската агенција за статистика „Евростат“.  Најголем број од државјанствата се издадени во 2016 година или околу 67,5 илјади.  Во 2021 година […]

Едно лице загина, а неколку се повредени во експлозија во зградата на Основниот суд во Подгорица


Едно лице загина, а неколкумина се повредени во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица. Според неофицијалните информации кои ги пренесе „Вјести“, повикувајќи се на полициски извори, во експлозијата се повредени уште пет лица, од кои едно потешко. Загинатиот, како што пренесе медиумот, е Младен Булатовиќ 39-годишник кој ја активирал експлозивната направа. […]

Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи на 18 март во Охрид


Следната средба на лидерите на Србија и Косово во рамки на дијалогот ќе се одржи во Охрид на 18 март, потврди за Радио Слободна Европа официјален претставник на Европската Унија. Ова ќе биде средба на која лидерите ќе разговараат за планот за имплементација кој е составен дел на европскиот предлог, кој сега се нарекува Спогодба […]

Расте гневот во Грција по железничката трагедија, владата призна грешки


  Грчката влада соопшти дека железничките проекти во земјата се опфатени со „хронични проблеми во јавниот сектор“, во услови на зголемен гнев поради тоа како можеше да се случи директната несреќа во вторникот вечерта меѓу два воза. Во првото официјално јавно признавање на проблемите што ја мачат железничката мрежа, официјалните лица, исто така, признаа дека […]

Во Хрватска 40.000 граѓани се пријавиле за државни обврзници, собрани повеќе од 1,3 милијарди евра


Повеќе од 43.000 хрватски граѓани се пријавиле за државни обврзници, а сумата е повеќе од 1,3 милијарди евра, соопштено е денеска во Загреб. Според последните информации, ова не е конечната бројка, бидејќи пријавените граѓани денеска можеа да ги уплатат парите до 11 часот. „Бројот на луѓе кои се претплатиле на оваа обврзница надминува 43.000. Ова […]

Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите во Турција погодени од земјотресот


Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата. Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот […]

Весна Пусиќ: Вучиќ ќе влезе во учебниците по историја


„Ако го одржи зборот околу договорот од Брисел, на крајот Александар Вучиќ ќе влезе  во учебниците по историја како лидер кој ја ослободил Србија од товарот на минатото и ја вовел во Европската унија. Па вие кажете после дека политиката не е чудо“ – искоментира на Твитер поранешната хрватска шефица на дипломатијата Весна Пусиќ. Анексот […]

Евакуирани вработените од зградата на Врховниот, Вишиот и Апелацискиот суд во Подгорица


Вработените во Врховниот, Вишиот и Апелацискиот суд во Подгорица денеска се евакуирани од зградата во која се сместени трите институции поради дојава за поставена бомба.  Од канцеларијата за односи со јавноста на Врховниот суд за подгоричкиот портал „Вијести“ изјавија дека полицијата која ја обезбедува зградата на трите судови добила дојава за наводно поставена експлозивна направа. […]

Хрватска планира да одлага радиоактивен отпад на границата со БиХ, тие реагираат


По информациите дека Хрватска на Трговска гора, која е 800 метри воздушна линија оддалечена од границата со Босна и Херцеговина, планира да одлага и медицински, индустрски, воен, научен и јавен отпад, стигна реакција од Министарството за надворешна трговија на БиХ. До нив не е стигната никаква официјална информација од Хрватска во врска со барањето за […]

Бугарија ќе воведува воена обука во училиштата


Само тоа ни недостасуваше, пишува „Дојче Веле“ за најавите дека се планира воведување воено образование, поточно обука во бугарските училишта.  -Пред да започне вообичаената паника за теми како – го бришат  „јас сум Бугарин“ од учебниците или „Паисиј го заменуваат со трет пол“-  образованието повторно стана актуелно. Се слуша дека властите ќе ја обноват воената […]

Експлозија пред суд во предградие на Атина


Импровизирана експлозивна направа, во текот на ноќта била поставена пред влезот на суд во предградието Коропи, во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од експлозијата била причинета материјална штета на објектот. Според грчките медиуми, полицијата почнала истрага за откривање и пронаоѓање на сторителите. Експлозијата се случила околу 2 часот по полноќ, […]

Непознат бројот на исчезнати патници по железничката несреќа во Грција


Спасувачките екипи и пожарникарите и денеска продолжуваат со операцијата на потрага и проверка на вагоните за преживеани и исчезнати лица по железничката несреќа што во вторникот вечерта се случи кај месноста Темпи во близина на грчкиот град Лариса, во која најмалку 42 лица го загубија животот. Паралелно со спасувачката акција, продолжува и идентификацијата на жртвите […]

Објавени разговорите меѓу шефот на станицата и машиновозачот: Една грешка била фатална


  Грчките медиуми објавија дијалог меѓу машиновозачот на патничкиот воз „Интерсити 62“ и шефот на станицата во Лариса. Како што може да се види од кратките разговори, шефот на станицата го упатил да влезе во колосекот и да го продолжи патувањето од линијата Солун-Атина, каде веќе сообраќал комерцијален воз. Според „Прототема“, машиновозачот не бил изненаден […]

Протести во Атина поради трагичната железничка несреќа, полицијата фрли солзавец


Вечерва на улиците на Атина избувнаа нереди кога голем број граѓани гневни на владата излегоа на улиците. Причина за гневот е што Владата ја приватизираше железничката компанија „Хеленик Треин“ која во моментов оперира со патнички и товарни возови. Полицијата со солзавец се обиде да ги спречи луѓето на улиците. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вечерва изјави […]