Казна од 200 евра за шетање по Будва во костим за капење
Будва – Казната за шетање по Будва во костим за капење е 200 евра и тоа важи за туристите и мештаните, одлучи Собранието на општина Будва, а одлуката е објавена во Службен весник.
Според Одлуката за комунален ред, во просторот за капење можете да престојувате само во костим за капење.
Казните се поригорозни во однос на санкциите предвидени во претходната одлука.
За почитување на оваа одредба одговорни се општинската инспекција и полицијата на општина Будва, објасни градоначалникот Милош Тајиќ, пренесе порталот Приморски бар.
Со усвојувањето на оваа одлука во локалниот парламент, Будва им се придружи на Сплит и Дубровник, со што се воведоа казни за голите туристи, при што сумата во Дубровник е 130, а во Сплит 150 евра.