Една недела по масакрот, учениците се враќаат во „Рибникар“


Една недела по невидената трагедија што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, учениците денеска треба да се вратат во училниците.

Предлогот на струката е децата да се вратат на училиште, но има простор родителите да ја донесат конечната одлука, бидејќи состојбата на секое дете е индивидуална и сè уште не се подготвени сите.

Утрово пред училиштето е тивко, на влезот има четворица полицајци, додека на страна стојат инспектори во цивилна облека. Толку е тивко што се слуша чврчорење на птици, луѓе поминуваат покрај училиштето со наведнати глави, крајно тажни.

Од 7:30 часот во училиштето почнаа да пристигнуваат наставници и ученици. Децата во училиштето не влегуваат преку главниот влез, туку преку споредниот влез. Помалите деца доаѓаат во придружба на нивните родители.

Инаку, комеморацијата за жртвите на основното училиште „Владислав Рибникар“ ќе се одржи денеска во 18 часот, во градското собрание на Белград.