На изборите на северот на Косово излегле само неколку Срби


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека досега на изборите што денеска се одржуваат на северот на Косово излегле само неколку Срби во сите четири општини заедно. „Србите нема да слушаат никој друг и да им служат на туѓите интереси, тие сакаат да им служат на своите интереси. Тие сакаат мир, да ги почитуваат […]

Грција испраќа воени авиони за евакуација на грчките државјани во Судан


  Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис авиони на военото воздухопловство и специјалните сили на Грција ќе се префрлат во Египет во состојба на готовност за евакуација на грчките државјани во Судан, соопшти министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Во изјавата за државната телевизија ЕРТ, шефот […]

Додик најавува српско обединување


   Претседателот на Република Српска денеска во Долна Градина изјави дека минатиот век бил век на српските страдања, а дека овој век ќе биде век на српското обединување, истакнувајќи дека Република Српска има намера да се осамостои и да се обедини со Србија. „Никој нема да не спречи во тоа, бидејќи тоа е наше право […]

Грција влезе во предизборен период


  Претседателскиот декрет за распуштање на Парламентот синоќа кусо по 20 часот по локално време беше закачен на влезната врата на грчкиот Парламент, со што и официјално започна предизборниот период во Грција во пресрет на изборите на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателскиот декрет потпишан од претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Кирјакос Мицотакис и објавен […]

ЦИК на Косово: Состојбата е мирна, сите гласачки места во четирите општини се отворени


   Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска соопшти дека сите планирани гласачки центри за изборите за градоначалници на општините Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток и за советници во општинските собранија во Лепосавиќ и Звечан. ЦИК на првата прес-конференција соопшти дека моменталната состојба е мирна и дека се се одвива според планот, додека […]

Вонредни локални избори на северот на Косово


 Граѓаните со право на глас во четирите општини на северот на Косово, населени главно со Срби – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, денеска избираат нови градоначалници, а во Лепосавиќ и Звечан ќе гласаат и за новиот состав на општинските собранија. Изборите се организираат откако градоначалниците на тие општини од редовите на Српската листа, […]

Грција: Изборите прогласени, почна изборната кампања


   Грција официјално ја започна предизборната кампања во саботата, откако премиерот Киријакос Мицотакис најави распуштање на парламентот и одржување на избори на 21 мај. Во посета на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, Мицотакис го предаде актот на министерскиот совет со кој се предлага распуштање на парламентот и прогласување избори. „Владата практично го исцрпи својот мандат, а […]

Кој е Томислав Сабљо, убиениот водач на регионалната криминална група?


  Озлогласениот регионален криминалец Томислав Сабљо ноќеска е убиен во ноќен клуб во Загреб. Тој беше уапсен и обвинет во акцијата „Тебра“ како еден од водачите на криминалната група која шверцувала дрога, палела автомобили и наплатувала долгови. Сабљо, Томислав Сучиќ и уште 17 лица кои се поврзани со синџирот на шверц на дрога од Албанија […]

Руската амбасадорка во Софија би гласала за национистите од Преродба


  Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, изјави дека доколку е бугарска државјанка, би гласала за лидерот на радикалната проруска партија Преродба, Костадин Костадинов, што е прекршување на Виенската конвенција која ги утврдува правилата за дипломатски и државни односи што Русија ги потпиша во 1986 година. Митрофанова долго време е контроверзен глас во Бугарија, земја-членка […]

Вучиќ се повлекува челното место на СНП на 27 мај, а на Видовден формира Народно движење


Претседателот на Српската напредна партија (СНП), Александар Вучиќ, на партиското собрание објави дека на 27 мај се повлекува од лидерската позиција и посочи дека не знае кој ќе биде негов наследник, бидејќи има три или четири имиња кои се вои игра. „Верувам дека на 27 мај ќе избереме ново раководство на СНП. Оттогаш не би […]

Саудијци купија кули за мобилни оператори во три земји во регионот


„Јунајтед груп“ (United Group) фокусирана на Југоисточна Европа во четвртокот соопшти дека се согласила да ја продаде целата своја инфраструктурна единица за мобилни кули во Бугарија, Хрватска и Словенија на „Тавал“, подружница на „Стц. Груп“ (Stc Group) со седиште во Саудиска Арабија, во зделка целосно во готовина проценета на  1,22 милијарди евра. Според договорот, „Тавал“ […]

Албанија екстрадира турски државјанин, измамил 391.000 граѓани за две милијарди долари


Албанските власти екстрадираа турски државјанин, баран со меѓународна потерница издадена од Турција, за измама на 391.000 граѓани, преку криптовалути, со економска штета од две милијарди долари. Беше уапсен на 30 август минатата година, во јужното албанското приморско гратче Химара, во рамки на полициската акција „Мозок“, реализирана од локалната полициска управа на Елбасан, во соработка со […]

Хрватска: За извикот „За дом спремни“ ќе се казнува и до 4.000 евра


  Хрватскиот Сабор во петокот го измени Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и драстично ги зголеми казните за прекршоци кои сега изнесуваат четири илјади евра. Со парична казна од 700 до 4.000 евра ќе се казнуваат најтешките прекршоци, меѓу кои се истакнување симболи и честитки чија содржина изразува или поттикнува омраза, како […]

Блокирани сметките на „Аџибадем“ во Турција


Сметките на една од најголемите и најстарите турски здравствени групации, Аџибадем, се блокирани поради долгови, јавуваат турските медиуми. Канцеларијата за извршување во Истанбул донела одлука со која сметките на групацијата се блокираат, поради тоа што истанбулска болница на „Аџибадем“ не можела да плати долг за кирија од околу 200.000 евра.   „Одлучено е да се […]

Едно изборно видео на Киличдароглу ја стресе изборната кампања во Турција


  Човекот кој сака да го смени Реџеп Таип Ердоган како лидер на Турција, ги потресе претседателските избори следниот месец, објавувајќи го својот идентитет како алевит – член на главното верско малцинство во земјата, кое често трпи дискриминација. Изјавата на Кемал Киличдароглу, заедничкиот претседателски кандидат поддржан од шест опозициски партии, дојде во видео на Твитер […]

Геополитиката, светската економија, технологијата… во фокусот на Делфи форумот, ќе има учесници и од нашата земја


    Над 900 говорници од над 70 земји, меѓу кои и Северна Македонија, ќе учествуваат од 26 до 29 април 2023 година на осмиот Економски форум во Делфи, Грција насловен „Paradigm Shifts“, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот и потпретседателот на Делфи форумот, Симеон Цомокос и Јанис Томатис на прес конференција во Атина ги […]

Вучиќ за изборите во Косово: Ќе биде тежок ден за српскиот народ и страшен ден за демократијата


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека недела, кога во Приштина ќе се одржат избори на северот на Косово и Метохија, на кои Србите нема да учествуваат, ќе биде ужасен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ. Тоа, додаде, ќе биде ден кој ќе биде срам на светот и Европа и срам на […]

Бугарија очекува летово да пречека за пет отсто повеќе туристи отколку во 2019 година


Податоците и информациите што ги добиваме за претстојната летна сезона се позитивни и очекуваме да ја надминеме 2019 година со раст од пет проценти, изјави денеска министерот за туризам Илин Димитров, во одморалиштето Албена. Тој појасни дека тоа била и главната задача на министерството – да се стабилизира секторот и да има раст. Туристичкиот сектор […]

Грчката влада призна дека го извезла шпионскиот софтвер „Предатор“ во Судан


  Алтернативниот грчки министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис призна дека владата на Нова демократија дала дозвола за извоз на нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ во Судан, кој сега се соочува со драматична граѓанска војна. Но, зборувајќи за радиото Реал ФМ, министерот инсистираше дека „извозната дозвола дадена на ‘Предатор’ и Судан нема никаква врска со граѓанската […]

Секое дете родено во Албанија, веднаш ќе добие државјанство


  Албанската Влада подготви одредени измени во законот за државјанство со кои се овозможува странците да се стекнат со албанско државјанство.  Со една од измените албанско државјанство можат веднаш да добијат деца на странци родени во ова земја доколку за тоа согласност дадат двајцата родители или законски старател, односно ќе го добиват без да чекаат […]