На аеродромот во Приштина била пријавена закана со експлозив


Портпаролката на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, Ваљентина Гара, потврди дека попладнево добиле закана за бомба. – Потврдуваме дека добивме закана за бомба. Патниците и персоналот се евакуирани и безбедни. Тимовите вклучени во планот за вонредни состојби се ангажирани во извршувањето на нивните задачи, рече Гара. Како што пренесува Бета, ова е една од десетината закани кои беа […]

Подгответе се за арктурус: Новиот вид на коронавирус регистриран во земја од регионот


Најновите податоци од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна на Словенија, објавени на нивната веб-страница, покажуваат дека меѓу примероците позитивни на коронавирус секвенцирани помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле еден случај на најновата омикронска подваријанта XBB. 1.16., познат како арктурус. Новата подваријанта носи и нови симптоми како што се чешање, конјунктивитис и […]

На Крит разбиена криминална организација која нелегално поседувала и продавала археолошки антиквитети


Атина – Грчката полиција разби криминална организација на Крит која нелегално поседувала и продавала археолошки антиквитети, при што уапсени се шест лица, а откриени и запленети се над 90 ретки археолошки предмети, чија вредност надминува еден милион евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација постоела најмалку три години, била формирана […]

И Бугарија ќе го забрани увозот на украинското жито


  Откако Полска, Унгарија и Словачка го забранија увозот на украинското жито и Бугарија се подготвува да ја преземе истата мерка за да го заштити домашното произвиодство. Преодната влада ќе воведе привремена забрана за увоз на храна од Украина, со исклучок на стоки во транзит, најави во среда техничкиот Галаб Донев на почетокот на состанокот […]

Експертската комисија го достави извештајот за железничката несреќа во Грција


Итни, краткорочни и среднорочни мерки за безбедно, уредно и ефикасно функционирање на железничкиот транспорт во Грција, предлага извештајот на Експертската комисија за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари годинава во која загинаа 57 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Извештајот бил доставен до државниот министер, надлежен за инфраструктура и транспорт Јоргос Герапетритис, а според […]

Росен Желјазков избран за претседател на новиот бугарски парламент


  Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС е избран за претседател на новиот бугарски парламент, со 136 гласа „за“ и 94 воздржани. Никој не гласаше против, јави БТА. Другата номинација за претседател на Собранието ја предложи Преродба – Петар Петров, но тој доби само 36 гласа „за“, 59 против и 139 воздржани. Росен Желјазков (55) во 2014 […]

Србија – Косово: Десет години од потпишувањето на Бриселскиот договор


На денешен ден, пред 10 години, беше потпишан Првиот договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, т.н. Договор од Брисел, кој беше склучен под покровителство на ЕУ. Преговорите ги водеа тогашниот премиер на Србија, Ивица Дачиќ, и премиерот на Косово, Хашим Тачи, со посредство на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон. […]

Бугарија: Партиите на Борисов и Петков договорија коалиција за носење закони


  Големите политички ривали, ГЕРБ и коалицијата „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ денеска се договорија да ја извлечат бугарската политика од ќор-сокакот, барем што се однесува до законодавната агенда на новото собрание и изборот на неговиот спикер. Преговарачките тимови на двете партии се договорија претседател на парламентот да биде Росен Желјазков од ГЕРБ, а претседателот на […]

Белград драстично ќе се промени: Се населуваат 200 илјади Руси


Руските емигранти отвораат свои фирми, продавници и ресторани, а насекаде се слуша и рускиот јазик. Големи промени ја очекуваат српската престолнина бидејќи се очекува околу 200 илјади Руси трајно да се населат, пишува Mondo.rs. Ако само дел од руските имигранти останат во главниот град на Србија, тоа ќе донесе големи промени, пишува швајцарскиот Neue Zürcher […]

Новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина на 2 мај во Брисел


Белград – Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека на 2 мај во Брисел ќе се одржи нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. Стано кажа и дека ЕУ формирала Заеднички надзорен одбор за следење на спроведувањето на Договорот за нормализирање на односите […]

Дојави за бомби испразнија неколку објекти во Загреб


Загреб- Неколку дојави за бомби денеска имало во објекти во Загреб. Станува збор за трговскиот центар „Avenue Mall“, во два суда и загрепскиот велесаем. Објектите се евакуирани, а полицијата ги пребарува просториите, пренесе ХРТ. Полицијата дојавите ги примила околу 9 и 50 утрово, по што полициски службеници веднаш излегле на терен. Вработените и посетителите ги […]

Голем број млади Срби се изложени на сексуално вознемирување на интернет


Во најновата анкета за ризично однесување, сексуално вознемирување и изложување на млади луѓе на сексуална содржина на интернет се наведува дека српските средношколци во голема мера испраќаат и примаат сексуални содржини преку интернет, 27,5 отсто од испитаниците добиле сексуална содржина од личност која не ја познаваат, додека 24 проценти таква содржина добиле од личност која ја познаваат. […]

Одобрена визната либерализација со Косово


Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година. Свеченото потпишување ќе се одржи утре, а на него, како што соопштија во Стразбур, ќе присуствува и вицепремиерот на Владата на Косово, Бесник Бислими. Новите правила ќе им овозможат на сопственици на косовски […]

Кој градоначалник во регионот зема најголема плата?


Градоначалниците на главните градови во поранешните југословенски држави не може да се пожалат на лоши плати затоа што сите земаат над 1.300 евра. Според податоците кои ги објави „Н1“, на врвот на листата се наоѓа градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој зема месечна плата од 2.696 евра. По градоначалникот на словенечката престолнина следи Томислав Томашевиќ […]

(Видео) Отворен долгоочекуваниот финансиски центар на Истанбул


Во Истанбул денеска беше отворен долгоочекуваниот деловен кварт со кој овој град сака да биде еден од финансиските центри на светот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган учествуваше на свеченото отворање на она што се нарекува Истанбулски финансиски центар (ИФЦ). Прво се отвори делот каде што ќе биде седиштето на банките. Ердоган рече дека најголемиот град […]

Анкета: Во Црна Гора 61 отсто од населението едвај врзуваат крај со крај


Дури 61 отсто од граѓаните на Црна Гора едвај врзуваат крај со крај, покажуваат резултатите од истражувањето за приходите на населението, јавува РТЦГ.  – Вкупно 61 процент од населението на Црна Гора преку оваа анкета кажа дека е многу тешко или тешко се врзува крај со крај, а само 0,9 отсто, помалку од 1 отсто, […]

Во соседството имаме дестинација наречена „евтина алтернатива на Малдивите“


Албанските плажи се опишани како идеална алтернатива на Малдивите, кои исто така се далеку поевтини од другите европски дестинации кои туристите ги избираат за својот летен одмор. Експертите на платформата за резервации за патувања Loveholidays ги открија врвните дестинации за заштеда на пари, а тимот препорачува евтин одмор во Албанија, за која велат дека има […]

ЕП за визната либерализација со Косово


На денешната пленарна седница на Европскиот парламент ќе се гласа за договорот за визна либерализација за граѓаните Косово, со што ќе им овозможи да патуваат и да останат во ЕУ до 90 дена без виза, во кој било период од шест месеци со пасоши издадени од Приштина, се наведува на веб-страницата на ЕП. По усвојувањето во ЕП, визната либерализација за Косово треба да биде потпишана и […]

Атина Оназис не е повеќе најбогата Гркинка


Атина – Триесет и осумгодишната Атина Оназис, внука на познат грчки бродосопственик, некогаш една од најбогатите луѓе во светот, одамна престана да биде омилен лик во нејзината татковина на предците, но не е ниту најбогатата Гркинка. наследничка. Нејзиното наследство падна од 2,3 милијарди долари во последните години на „само“ една милијарда. Како што покажува листата […]

Еди Рама опериран од слепо црево


Тирана– На премиерот на Албанија, Еди Рама утрово му беше извршена апендектомија, односно операцијана слепото црево. Според прес-службата на албанскиот премиер, неговата здравствена состојба е добра, јави албанската ABC News. „Синоќа по повеќекратни тестови во Универзитетската болница „Мајка Тереза“ на премиерот Рама му е констатирано акутно воспаление на слепото црево. По препорака на лекарот од […]