Фрлена шок бомба пред кафуле во Косовска Митровица, во кое седеле српски опозициски пратеници


Шок бомба е фрлена пред кафуле во северниот дел на Косовска Митровица каде седеле членови на српските опозициски партии, јави вечерва телевизијата Н1.

Припадниците на опозицијата Мирослав Алексиќ, Александар Јовановиќ Ќута и Данијела Несторовиќ седеле во кафулето на хотелот ББ кога, според Н1, се случил инцидентот.

Во текот на денот опозициски пратеници го посетија и Звечан со цел да им „дадат поддршка“ на Србите од Косово.