Српската Влада донесе Одлука за прогласување елементарни непогоди во 56 градови и општини


 Владата на Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за прогласување елементарна непогода во 56 градови и општини во државата.

На седницата на Владата беше донесен заклучок за формирање Работна група за координација на активностите за санирање на последиците од поплавите и подготовка на државна помош и програми за обнова по поплавите што ја погодија Република Србија.

Работната група ќе има секојдневни состаноци на кои ќе биде разгледан актуелниот пресек на состојбите во загрозените подрачја ќе бидат претставени.

Владата на Република Србија во најкраток можен рок ќе ги евидентира настанатите штети во сите единици на локалната самоуправа во Србија и ќе изготви план за санирање на штетите, се вели во соопштението од владината седница.

Поројните дождови и излеаните порои и другите водотеци предизвикаа штети на регионалната и локалната инфраструктура.