ПССЕ ја именуваше Дора Бакојани за известител за Косово во Советот на Европа


Комисијата за политички прашања и демократија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја именуваше грчката политичарка Дора Бакојани за известител за Косово во Советот на Европа.

Именувањето на Бакојани го потврди шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово во Собранието, Арбен Гаши, кој е член на делегацијата на пратениците од Приштина во Советот на Европа, а моментално е во Стразбур, јавија приштинските и српски медиуми.

Задачата на Бакојани ќе биде да подготви извештај за Косово, што ќе оди на пленарната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, а откако ќе добие извештај од двајца еминентни адвокати кои веќе се назначени, германски и фински адвокати, Томас Маркерт и Спилиопулу Акермарк.

Во меѓувреме се очекува да бидат назначени уште двајца известители, еден во Комисијата за правни прашања и еден во Комисијата за еднаквост и недискриминација.

Бакојани е грчка политичарка, која беше министерка за надворешни работи , а претходно беше градоначалничка на  Атина. Во моментот а извршува функцијата потпретседателка на Парламентарното собрание на Советот на Европа.