Трагедија во Драч: Пијан возач усмрти две деца додека си играле на тротоар, трето се бори за живот


Трагичен настан, што се случи во пристанишниот град Драч,  ја вознемири албанската јавност, кога возач кој управувал возило под дејство на алкохол удрил во деца додека играле на тротоар. Од ударот на местото на несреќата починале две деца на 10 и 13 години, додека едно на 8- годишна возраст се бори за живот на клиниката […]

Трета годишнина од масовното убиство во белградското ОУ „Владислав Рибникар“


Белград –    Третата годишнина од масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ денеска се одбележува со оддавање почит за жртвите. На 3 мај 2023 година девет ученици и еден училишен чувар беа убиени од малолетен ученик од тоа училиште. Ранети беа пет ученици и еден наставник. Српскиот премиер Ѓуро Мацут заедно со неколку […]

Во Србија успешно завршена потрагата по исчезнатата малолетничка


Белград– Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа изјави дека со брза и ефикасна реакција на полицијата успешно е завршена потрагата по малолетната Дуња Нециќ од Нови Сад, чие исчезнување беше пријавено на 29 април. „Благодарение на навремената дојава од граѓаните и добрата координација на полициските служби, девојчето е пронајдено вечерва во возот на […]

Српските туристи летово може да куртулат од EES при влез во Грција


Српските туристи летово може да поминат полесно на грчките граници, откако од Белград пристигнаа најави дека Грција ќе применува пофлексибилен режим за новиот европски систем за влез и излез, познат како EES. Иако официјална одлука за целосно суспендирање на системот нема, српските претставници очекуваат дека во шпицот на туристичката сезона контролите нема да се спроведуваат […]

Кампањата за предвремените парламентарни избори во Косово ќе започне на 28 мај


Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово објави дека кампањата за предвремените парламентарни избори на 7 јуни ќе започне на 28 мај, објавува „Коха Диторе“. Комисијата вчера го одобри акциониот план и буџетот за претстојното гласање. Според ЦИК, организирањето на новите предвремени избори ќе чини над 10,887 милиони евра. Во четвртокот, вршителката на должноста претседателка на […]

Од денес слободно движење меѓу Косово и Албанија


Тирана – Денеска стапи во сила договорот за слободно движење меѓу Косово и Албанија, кој им овозможува на граѓаните на двете земји да ја преминуваат границата без пасош или лична карта поголемиот дел од годината.   -Врз основа на овој договор, граничните контроли нема да се вршат за косовските и албанските возила, овозможувајќи брзо и неограничено […]

Жесток 1 Мај во Истанбул: Демонстрантите се судрија со полицијата, голем број апсења


Стотици демонстранти присуствуваа на протестите за 1 Мај во Истанбул денес. Тие физички се судрија со полицијата, која ги спречи да стигнат до централниот плоштад Таксим. Во минатото, турските левичари традиционално се собираа на Таксим на Меѓународниот ден на трудот. Сепак, тоа не е случај откако е во сила целосната забрана за сите демонстрации на […]

Иронично: Гореше магацин за противпожарни апарати во Пула


Голем пожар избувна утрово во индустриската зона во Пула, во складиште за противпожарни апарати. Пожарот избувна во магацинот на улицата „Лабинска“, а полицијата примила повик во 9:03 часот, соопшти Полициската управа на Истар. Сирени одекнуваа низ целиот град, а според првите неофицијални информации, пожарот се проширил на објектот од паркиран автомобил, објавува istarski.hr. 20 пожарникари […]

Евростат: Словенија со една од најниските стапки на сиромаштија во ЕУ


Љубљана – Словенија и минатата година остана меѓу земјите на Европската Унија со најнизок ризик од сиромаштија или социјална исклученост, со 15,5 проценти од населението во таа категорија, што е намалување за 0,1 процентен поен во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Евростат. На ниво на ЕУ, вкупно 92,7 милиони луѓе, односно 20,9 проценти од […]

ЕУ ги суспендираше сите финансиски исплати од Планот за раст за Србија


  Европската унија (ЕУ) ги суспендираше исплатите на финансиска поддршка за Србија во рамките на Европскиот план за развој, поради она што го нарекува судска пречка, објави европската комесарка за проширување Марта Кос. Кос рече дека средствата ќе останат замрзнати сè додека, како што изјави, „Белград не ги реши проблемите забележани во функционирањето и независноста […]

Штрајк и протести во Грција по повод Денот на трудот


Атина – Со штрајкови и протести во Атина и други грчки градови, во Грција традиционални ќе се одбележи Денот на трудот, организирани од синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина. Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, а проблеми ќе има и во јавниот превоз, со оглед на […]

Вучиќ: Избори на 12 јули и наесен


 Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека изборите ќе се одржат или на 12 јули или од октомври до крајот на ноември. „Најдоцна во следните шест и пол месеци, а можеби дури и за два и пол месеца. Во зависност од ситуацијата во земјата и ситуацијата во светот, ќе се водиме од државните интереси и […]

Предвремените избори во Косово распишани на 7 јуни


Вршителката на должноста претседателка на Косово, Албула Хаџиу, ги распиша предвремените парламентарни избори во земјата на 7 јуни. Одлуката уследи по состанокот на кој лидерите и претставниците на политичките партии во Косово разговараа за одредување на датумот на изборите. Изборите следуваат откако парламентот не успеа да избере нов претседател на државата во предвидениот рок. Законодавниот […]

Во посета на Тирана шефовите на дипломатиите на Словачка, Австрија и Чешка


Tирана– Во посета на Тирана , денеска  престојуваа шефовите на дипломатиите на  Австрија, Чешка и Словачка, кои по средбата со нивниот домаќин, Ферит Хоџа, имаа заедничка прес-конференција. Министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, изјави дека Словачка е подготвена да ѝ помогне на Албанија во затворањето на групните поглавја. -Итната потреба […]

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија


Во Србија во март се регистрирани 297.705 туристи, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани и според српскиот Завод за статистика, најмногу странски туристи биле од Русија (15.136), по што следуваат туристи од Северна Македонија (15.064). Регистрирани се 853.043 ноќевања, или 8,5 проценти повеќе во споредба со март 2025 година, […]

Пронајдено тело во езеро на загребски Максимир


Тело на непознато лице, најдено е утрово во загребскиот парк „Максимир“. Пожарникари пристигнале на местото на настанот во паркот „Максимир“ и го извлекле телото. Загрепската полиција потврди за DNEVNIK.hr дека кратко по 8 часот наутро е примена пријава дека телото на засега непознато лице е пронајдено во езерото Максимир. Тие додадоа дека пожарникарите исто така […]

Детектирана 70 пати повисока радијација во Софија


Бугарија е во шок по откритието на радиоактивна контаминација во главниот град Софија. Министерот за енергетика, Трајчо Трајков, нареди итни мерки откако на поранешна локација за складирање изотопи во населбата Малинова Долина биле измерени нивоа на зрачење кои се меѓу 10 и 70 пати повисоки од нормалното. Мерењата се направени директно над земјата, а резултатите […]

Снег на Златибор и Копаоник


Златибор и Копаоник осамнаа утрово под снегот што сè уште вее. На Копаоник, во 7 часот, температурата беше измерена на минус 3 степени. Во моментот во Златибор е нула степени . Невообичаено студено време за ова време од годината е забележано во сите делови на Србија, во пресрет на Први мај, па на некои места […]

Опозициската коалиција во Бугарија ПП-ДБ се подели на две групи


  Центристичката коалиција во Бугарија „Продолжуваме со промената  и Демократска Бугарија“ ќе регистрираат две парламентарни групи во новото собрание. Барањето за ова го поднесе ПП, а партиите на ДБ ја опишаа одлуката на своите колеги како „сериозна политичка грешка“. „Она што стана јасно е дека очигледно ќе бидат регистрирани две парламентарни групи. Она што им […]

Сараево: Дојава за поставена бомба во училиште, извршен е увид без евакуација на учениците и персоналот


  Основното училиште „Ковачиќи“ во Сараево доби дојава за бомба, што е продолжение на сценарио кое се случува веќе неколку дена во бројни јавни институции. Како што ни беше кажано од МУП на Сараевскиот кантон, протоколот се почитува, а контрасаботажната инспекција е извршена без евакуација. Да напоменеме дека слично известување пристигна синоќа во трговскиот центар […]