Во Албанија отпишани 410 милиони евра заостанати долгови на 204.413 даночни обврзници


Тирана (Фото: Независен)

До 31 јули годинава над 204 илјади даночни обврзници имаа корист од процесот на бришење на даночните обврски, со вкупна вредност од 410 милиони евра.

Според Генералниот директорат за даноци, процесот продолжува автоматски за  даночните обврзници, во согласност со одредбите од Законот „За отпишување и гаснење на даночни обврски кон централната и локалната даночна администрација и на давачки што треба да се платат на царината“.

-До крајот на јули, 204.413 даночни обврзници беа вклучени во овој процес, додека даночната администрација ги продолжува процедурите за сите корисници кои ги исполнуваат критериумите утврдени во законот, објави АТА.

Генералната дирекција за даноци ги потсетува даночните обврзници дека процесот на отпишување на долгот ќе продолжи до 31 декември 2026 година, кога завршува предвидениот рок.

Мерките имаат за цел да го намалат товарот на заостанатите долгови за корисниците и да го расчистат застојот на даночните обврски, во рамките на процесот дефиниран со важечкото законодавство. 

Од друга страна опозицијата обвинува дека владејачките социјалисти тоа го прават пред локалните избори што треба да се одржат во мај идната година.