Почина братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ


Почина осомничениот Д.Д.(1984) од Бор кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д.Д., осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по делото.  Полицијата соопшти дека братот на убиецот починал во Полициското одделение во Бор. На Д.Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај […]

Вучиќ повторно предлага воведување смртна казна, по трагедијата со Данка


По трагедијата со смртта на Данка (2) српскиот претседател Александар Вучиќ повторно предлага да се смени Кривичниот законик и за вакви тешки злосторства да се воведе смртна казна. Ваков предлог Вучиќ даде и по масакротв во училиштето „Рибникар“, каде малолетник, ученик во истото училиште уби десет соученици и еден член на обезбедувањето. Ќе предложам промена […]

Рама: Нов рекорд за туризмот, 1,7 милиони туристи ја посетија нашата земја во првите три месеци од годинава


 Во првите три месеци од годинава Албанија ја посетиле над 1,7 милиони туристи, што е рекорден број за прв квартал од годината. Ова го соопшти премиерот Еди Рама преку објава на социјалните мрежи каде вели дека е „поставен нов рекорд во туризмот на нашата земја“. – Над 1,7 милиони странски туристи не посетија во првите […]

Убиецот од Максимир синоќа починал во болница – пиел некаква течност


Човекот кој вчера пукаше од огнено оружје и уби член на семејството во загрепската населба Максимир починал во болница, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска. Божиновиќ денеска презентираше дел од изборната програма на ХДЗ на тема „Суверена и безбедна Хрватска“, а во таа прилика пред новинарите ги коментираше двете убиства што вчера […]

Голем шумски пожар на грчкиот остров Крит, превентивно евакуирани населени места


 Голем шумски пожар избувна утрово во близина на градот Иерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, а превентивно беа евакуирани жителите на четири населени места. Поради силниот ветер отежнато е гаснењето на пожарот, а интервенираат 120 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и два хеликоптера. Преку европскиот број за итни случаи 112 до […]

Уапсени таткото и братот на еден од убијците на Данка


Припадници на МВР ги приведоа Р.Д.(1951) и Д.Д.(1984) поради постоење основи на сомнение дека му помогнале на осомничениот  за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ, Д.Д.(1974), да го премести телото на девојчето  од депонијата во околината на Бањско Поле до засега непозната локација на територијата на градот Бор. Поради постоење основи на сомнение дека најверојатно […]

Вархеи: Исплатата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан е можна пред летните одмори


Планот за раст на Западниот Балкан вклучува пакет мерки за поттик на земјите од регионот за многу побрзо исполнување на критериумите за членство во ЕУ и дополнителен сет за поддршка на нивните економии и инвестиции и доколку се оди според планот, првата исплата на средствата, односно на авансот, би можела да се случи пред летните […]

Жена убиена од сопругот во Загреб, друга е убиена со нож во нејзиниот стан


Утрово, околу 8:20 часот, во стан во населбата Средњаци во Загреб, пронајдено е безживотно тело на постара жена. Како што информираат од загрепската полиција, смртта е, според досега утврденото, последица на кривично дело. Како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, полицијата се сомнева во убиство. Ова е второ убиство на жена денеска во Загреб. „Некој ја […]

Новиот бугарски министер за надворешни работи никој не го знае во Софија


  Техничкиот премиер Димитар Главчев го соопшти составот на привремената влада во кој, како што пишуваат бугарските медиуми, едно име е речиси целосно непознато. Тоа е Ивајло Ценов, кој треба да биде министер за надворешни работи. Ценов бил конзул во главниот град на Австрија, Виена, 15 години и не бил познат ни за поголемиот дел […]

Европол: Бугарите, Романците, Србите и Украинците меѓу главните учесници во шверцот на луѓе во ЕУ


Бугарите, Романците, Србите и Украинците се главните учесници во најопасните криминални мрежи за трговија со луѓе во ЕУ со цел трудова и сексуална експлоатација, покажуваат податоците во извештајот на Европол, претставен денеска. Во документот се забележува дека во ЕУ дејствуваат 821 опасна криминална мрежа, поврзани со трговија со наркотици (главно кокаин), цигари, трговија со луѓе […]

Што ако не се најде телото на убиената Данка?


Сѐ уште се трага по телото на двегодишната Данка Илиќ, која беше убиена од двајца работници на „Водовод“, во близина на местото каде што исчезна на 26 март. Да потсетиме, Данка остана без надзор во дворот од куќата во Бањско Поле, кога нејзината мајка отишла да му донесе вода на братчето на Данка. Кога видела […]

Гаши: Курти секогаш произведува високи тензии пред да направи отстапки кон Србија


Шефот на пратеничката група на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши вели дека за време на владеењето на премиерот Албин Курти, кога е во прашање косовскиот север, населен со мнозинство Срби, „секогаш имало тензии пред да се направат отстапки“ кон Белград, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, […]

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци


По повеќе од две години одлагање, во Косово денеска ќе започне пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, во процес кој ќе трае шест недели, односно до 17 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во пописот ќе бидат ангажирани околу 3.500 попишувачи и […]

Западен Балкан добива шест милијарди евра од ЕУ


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави политичкиот договор што денеска го постигнаа Европскиот парламент и Советот на ЕУ за Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, во износ од шест милијарди евра и потенцираше дека проширувањето на Унијата е геостратешки приоритет. „Сакаме побрзо да го доближиме Западен Балкан до Унијата, […]

„Време“: Данка е мртва, а теророт на „новинарите“ и нивните „извори од истрагата“ трае


  Данка е мртва, но ниту тоа не ги спречува таблоидите. Меѓу нас има луѓе кои газат дете и го фрлаат во депонија, но и полицајци кои им се јавуваат на пријатели од таблоидите и „новинари“ кои објавуваат гласини, како да озборуваат ново момче на старлета. Секогаш жедни за тираж, акции, кликови и пари. Данка […]

Министерот за внатрешни работи ги соопшти деталите за убиството на малата Данка


По претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој објави дека Данка (2) е убиена, попладнево и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ имаше вонредно ображање, во кое ги објасни деталите за смртта на Данка. Министерот го опиша текот на настаните Гашиќ рече дека мајката на Данка со децата дошла дома во Бањско Поле во 13.10 часот. […]

Вучиќ објави: Данка е убиена – уапсени две лица кои признале


  Полицијата уапсила две лица кои го извршиле убиството на малата Данка Илиќ, кои го признала делото, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. „Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото“, рече Вучиќ и додаде дека ја водат полицијата до […]

Австриска полиција: Знаеме кој е на видеото од Виена, не е Данка


Австриската полиција рано утринава соопшти дека двегодишната Данка Илиќ, која исчезна минатиот вторник во приградската населба Бањско поле, во близина на градот Бор во Србија, ја нема на видеото снимено во Виена, пренесува Телеграф. „Српски државјанин кој живее во Виена им пријавил на српските власти дека забележал мало дете во придружба на две возрасни жени […]

Српската полиција копа околу куќата во која исчезна двегодишното девојче Данка


Полициски истражители почнаа да копаат околу куќата во Бањско Поле каде исчезна девојчето Данка Илиќ минатиот вторник. Како што пренесуваат српските медиуми, простор со радиус од околу 100 метри е ограден со жолта лента околу куќата. Во близина на куќата има голем број полициски истражители. Како што неофицијално дознава „Новости“, има и вештаци за судска […]

Тома Фила за иницијатива на Шапиќ за преместувањето на посмртните останки на Јосип Броз Тито: Тоа не може да помине


Тома Фила, адвокат и функционер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), смета дека не може да помине иницијативата на Александар Шапиќ за преместување на посмртните останки на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето во Кумровец, јави дописникот на МИА од Белград. -Прво Кумровец би требало да посака Броз да биде погребан таму. Освен тоа, […]