Почина братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ


Почина осомничениот Д.Д.(1984) од Бор кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д.Д., осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по делото. 

Полицијата соопшти дека братот на убиецот починал во Полициското одделение во Бор.

На Д.Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе со реанимација, тој починал во 3.10 часот, а лекарот судски вештак изјавил дека тое е природна смрт, односно инфаркт.

За настанот веднаш било известено Вишото јавно обвинителство Заечар, кое наредило обдукција во Институтот за судска медицина во Белград, додаваат од полицијата.

Да потсетиме, на Д.Д., во петокот му е одреден притвор до 48 часа, поради сомнение дека му помогнал на братот на Д.Д., заедно со неговиот татко Р.Д.(73) да го пренесат телото на девојчето од депонијата кај Бањско Поле во засега непозната локација.

Д.Д и неговиот татко денеска требаше да бидат сослушани во Обвинителството, пред да му биде изречена мерката притвор.

Да потсетиме, нешто по 12 часот пред куќата на осомничениот Д.Д. во Злот, каде останала само неговата мајка, пристигнала екипа на Брза помош и инспектори. Иако првите информации беа дека итната помош пристигнала затоа што на жената ѝ се слошило, се верува дека лекарските екипи биле дежурни во моментот кога во текот на утрото ја известиле дека нејзиниот помал син починал.

Во меѓувреме Брзата помош излегла од куќата на осомничениот, а не се знае во каква состојба е мајката.