Рама во дводневна посета на Франција


Премиерот на Албанија, Еди Рама со средба со францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја почна дводневната посета на Париз. Посетата на Рама на Франција, како што најавија од неговиот кабинет, е со цел на промоција на потенцијалот и позитивната клима во Албанија за странските инвестиции, како и билатерална соработка во сферата на технологијата и иновациите. […]

Мицотакис: Грција може да стане природна влезна точка за енергија од југ кон север


Можноста преку Грција да се отвори јужен коридор за железничко, патно или енергетско поврзување на југот со северот, ја истакнал грчкиот премиер Киријакос Мицотакис при пристигнувањето на Самитот на Иницијативата Три мориња, што се одржува во Вилнус, јави дописничката на МИА од Атина. Дел од Иницијативата Три мориња, која исто така е позната под името […]

„Претстава за гости“: Опозицијата во Србија ја напушти средбата за изборните правила


  Претставниците на коалицијата „Србија против насилството“ ја напуштија денешната средба со претставниците на власта за изборните услови, незадоволни од она што им беше понудено по тој повод. Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата, Мариника Тепиќ, на прес-конференцијата по средбата рече дека ја напуштиле „т.н. средба“. „Нешто што требаше да изгледа како продолжение на […]

Турција заплени трета најголема количина кокаин во историјата на земјата


Турската полиција го заплени третото најголемо количество кокаин во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, додека групите што го надгледуваат организираниот криминал предупредија дека земјата станува влезна точка за дрогата што стигнува до Европа. Околу 608 килограми кокаин, поголемиот дел во течна форма, беа конфискувани во операција во три провинции, објави […]

Историска џамија во Солун повторно ги отвори вратите по еден век


Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии. Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години […]

Бугарите го сакаат Орбан повеќе од самите Унгарци, а за Путин и не треба да се зборува


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан не ужива најголема поддршка ниту во сопствената земја, ниту во соседна Словачка, каде Роберт Фицо оди по неговите стапки. Тој ужива 50% повеќе симпатии во Бугарија отколку кај Унгарците, со кои владее повеќе од десет години. Според мартовската анкета на агенцијата „Ипсос“ за „Еуроњуз“, речиси четири од десет анкетирани Бугари […]

Се пореален е бојкот на опозицијата на изборите за град Белград


 Изборите за град Белград се распишани за 2 јуни, коалицијата околу СНС веќе ја предаде изборната листа, а во пресрет на утрешната средба на партитие за изборните услови во Собранието на покана на спикерката Ана Брнабиќ, се пореално е опозицијата поради неисполнување на нивните барања, согласно извештајот на ОДИХР, да ги бојкотира изборите, јави дописникот […]

Бугарска банда крадела милиони од социјална помош во Британија


  Петмина бугарски државјани се обвинети дека се најголемите крадци на социјални бенефиции во криминалната историја на Велика Британија, јавува Скај њуз. Осомничените се на возраст меѓу 26 и 52 години. Тие во Лондон имале „фабрика“ за изработка на лажни лекарски уверенија и фалсификувани документи, поради што во мај ќе им се суди за измама […]

Курти се занимава со ситни работи, како регистерските таблички и динарот, вели поранешната главна преговарачка на Косово


Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека премиерот Албин Курти ги загубил големите битки во преговорите и „се занимава со мали битки“, како што се регистарските таблички и употребата на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Тахири во синоќешното интервју за телевизијата КТВ рече дека […]

Србија ќе купува ескадрила борбени авиони „Рафал“ од Франција


Во вториот ден од официјалната посета на Париз, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, имаше разговари за наменската индустрија и одбраната, како и за подобрување на економската соработка со француските компании, а постигнат е договор за купување на ескадрила борбени авиони „Рафал“, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ изјави дека синоќа имал многу добар разговор […]

Бугарија ја доби десеттата преодна влада, новите избори закажани за 9 јуни


Бугарија денеска ја доби преодната влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9 јуни се закажани вонредни парламентарни избори. Народното собрание на вонредна седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години. Тоа е и првата влада која по неодамнешните уставни измени положи заклетва пред парламентот, […]

Зошто не сакаат да кажат каде е телото на Данка?


Зошто убијците не сакаат да откријат каде е телото на Данка Илиќ? Јавноста го поставува ова прашање уште од моментот кога беше откриено дека девојчето е убиено. Постојат две теории зошто некој би признал дека убил и би одбил да открие каде го сокрил телото, пишува Блиц. Осомничениот за криминал Д.Д. признал дека го убил […]

Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан на комисиска расправа во ЕП


Комисиите за надворешни работи и за буџет на Европскиот парламент денеска на заедничка седница треба да ја разгледаат и да се изјаснат за Предлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Предлог-регулативата за создавање на Механизмот е ставена на дневниот ред на заедничката […]

Од 1 јуни бесплатен градски превоз во Загреб за постарите од 65 години


Од 1 јуни, право на бесплатен јавен превоз ќе имаат граѓаните кои живеат во Загреб, а кои имаат 65 години и повеќе, соопштија од Градот. Со оглед на тоа што има речиси 160.000 мажи и жени од Загреб кои го остваруваат ова право, ЗЕТ овозможи преоден период во кој е можно бесплатно користење на транспортната […]

Србија е втора во светот според добиени парични средства од фондовите на ЕУ


Правиме се што е во наша моќ Србија што поскоро да стане членка на Европската унија (ЕУ), таа е втора во светот според добиени парични средства од фондовите на ЕУ, но од политичката волја во Србија зависи кога ќе стане дел од Унијата, изјави амбасадорката на Шведска во Србија, Аника Бен Давид. -Србија донесе одлука […]

Директорот на „Водовод“ во Бор поднесе оставка поради убиството на Данка


Директорот на Водовод во Бор, Горан Павиќ, поднесе оставка откако работниците на ЈП „Водовод“ С.Ј и Д.Д., поради основано сомнение дека ја убиле Данка Илиќ, беа уапсени, пренесуваат медиумите. „Од морални причини поднесувам неотповиклива оставка од функцијата директор на ЈКП ‘Водовод’ Бор, со оглед на тоа што осомничените за убиството на детето се вработени во […]

Хелез: БиХ е само на чекор од поканата за полноправно членство во НАТО


Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез денеска во Сараево изјави дека БИХ е само на чекор од поканата за полноправно членство во НАТО, додавајќи дека има сигнали дека ќе добие статус за полноправно членство во Алијансата. „Мило ми е што НАТО алијансата во своите неодамнешни изјави конкретно ја означи Босна и Херцеговина […]

Државата забрани увоз на пелети на 3 месеци


„Се воведува привремена забрана за увоз на дрвени пелети од тарифната ознака 4401 31 00 00 од Царинската тарифа, заради заштита на животот и здравјето на растенијата и животните“, се вели во одлуката, пренесува Екапија. Ограничувањето на увозот се воведува за период од 90 дена. Бранко Главоњиќ, професор на Шумарскиот факултет, неодамна за РТС изјави […]

Почина Србинката која беше застрелана од македонски државјанин на патарината кај Прешево


Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која беше тешко повредена од огнено оружје кај Прешево кога по расправија во автомобил беше застрелана од македонски државјанин кој потоа се самоуби, им подлегнала на повредите во Универзитетскиот медицински центар Ниш. Таа беше ранета во ноќта меѓу 7 и 8 март, а вчера им подлегнала на повредите, по […]

Механизмот за реформи и раст на Западен Балкан главна тема на денешното заседание на Корепер


Предлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, во прво читање, е главна тема на денешното заседание на Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер).  Регулативата за создавање на Механизмот е ставена на дневниот ред на денешната седница на Корепер, откако во четвртокот белгиското претседателство со Советот на […]