Рама во дводневна посета на Франција


Фото: Б. Грданоски

Премиерот на Албанија, Еди Рама со средба со францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја почна дводневната посета на Париз.

Посетата на Рама на Франција, како што најавија од неговиот кабинет, е со цел на промоција на потенцијалот и позитивната клима во Албанија за странските инвестиции, како и билатерална соработка во сферата на технологијата и иновациите.

Предвидено е Рама и Макрон да потпишат неколку меѓувладини договори и меморандуми за разбирање меѓу двете земји.

Во делегацијата предводена од Рама се министерката за образование и спорт Огерта Манастирлиу, министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро, министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџе, министерот за локална самоуправа Арбјан Мазнику, како и министерката за јавна администрација и антикорупција Адеа Пирдени.