Државата забрани увоз на пелети на 3 месеци


„Се воведува привремена забрана за увоз на дрвени пелети од тарифната ознака 4401 31 00 00 од Царинската тарифа, заради заштита на животот и здравјето на растенијата и животните“, се вели во одлуката, пренесува Екапија.

Ограничувањето на увозот се воведува за период од 90 дена.

Бранко Главоњиќ, професор на Шумарскиот факултет, неодамна за РТС изјави дека благата зима влијаела на падот на потрошувачката, а со тоа и на падот на побарувачката на огревно дрво, како и на други видови горива од дрва. Во моментов цените се пониски меѓу 700 и 1.500 динари за метар квадратен, во зависност од регионот. Цените на пелетите се пониски за 4.000 до 6.000 динари, односно меѓу 15 и 20 отсто во однос на цените од средината на јануари годинава, вели Главоњиќ.

Од шесте големи фабрики за производство на пелети, само една фабрика работеше од почетокот на годинава до денеска, додека другите фабрики или не работеа или работеа со прекини.

„Производителите се обратија за помош до Владата на Србија, Владата покажа голем интерес да им помогне. Производителите ги презентираа своите проблеми, презентираа и предлог решенија, а заедно со претставниците на Владата во моментов се бараат одредени мерки и очекуваме дека ќе бидат усвоени во најбрз можен рок“, рече Главоњиќ.